Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Караванот „Денови на спортот“ во Куманово

Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, со поддршка на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, со поддршка на Владата и Министерството за спорт, денеска во Спорстката сала во  Куманово се одржува караванот „Денови на спортот“, дел од „Плазма спортските игри за млади“, најголемата аматерска спортска манифестација во Европа, која за првпат се организира во Македонија.

На зонското првенство учествуваат над 300 ученици од основните училишта од Куманово, Старо Нагоричане, Ранковце, Кратово и Крива Паланка, во машка и женска конкуренција. Учениците ќе се натпреваруваат во мал фудбал, одбојка, ракомет, народна, баскет 3×3, тенис, пинг-понг, шах и атлетика.

Спортските игри свечено ги отвори градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, кој истакна дека настанот претставува можност преку спортот да се промовираат здрави животни навики, фер-плеј, пријателство и позитивни вредности кај младите.

Реклама

-Сакам да се заблагодарам на Федерацијата за училишен спорт на Македонија, Министерството за спорт, Владата и организацијата на Плазма спортските игри што Куманово има можност да биде домаќин на овој голем спортски настан. Прекрасна е глетката да се видат млади ентузијасти, од кои дел еден ден ќе станат и професионални спортисти. Општината ќе продолжи да вложува во развојот на спортот, преку подобрување на условите и изградба на нови спортски капацитети-  изјави Димитриевски.

Претседателката на Федерацијата на училишен спорт, Елена Мицковска на учениците им посака фер-плеј, да уживаат во натпреварите, да создадат убави спомени и да учествуваат на финалните настани, како и во Сплит, во август.

Од Општина Куманово посочуваат дека локалната самоуправа и понатаму останува поддржувач на младите, масовниот спорт и здравиот начин на живот, со цел создавање активна и инклузивна средина за младите генерации.