Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Кандидатите за градоначалници ги „ловат “ неопределените, но колку со кампањата ќе успеат да ги убедат да излезат на гласање?

Потребно е враќање на довербата кај граѓаните, промена на реториката на политичките…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потребно е враќање на довербата кај граѓаните, промена на реториката на политичките елити, поразлична кампања од онаа на која сме навикнати последните три децении – неопределените гласачи да излезат и да ја дадат поддршката за некоја од понудите на маса во вториот круг од локалните избори.

Политичките партии во пресрет на вториот изборен круг се обидуваат да ги мобилизираат гласачите, но и да ја придобијат групата на неопределени – традиционално најтешката цел во секоја кампања. Експертите, сепак, предупредуваат дека ентузијазмот кај оваа категорија граѓани е на ниско ниво и дека помеѓу два круга е речиси невозможно да се направи значаен пресврт. Според првиот човек на Институтот за демократија, Марко Трошановски, бројката на гласови може да биде променета единствено преку политичките и коалициони комбинаторики.

Многу тешко неопределените би можеле да се мобилизираат посебно помегу два круга. Излезноста на овие избори е околу 49% имајќи предвид дека нашиот Избирачки список брои онолку луѓе кои живеат и тука ама и тие што се иселени ние имаме  поголема излезност. Ако се земат гласачите само оние кои е во земјава ќе изгледа дека има повеќе излезност. Околу 60% тоа е нормално за многу земји. Многу луѓе имаат право да не се заинтересирани за политика и во многу земји таква излезност е тешка. Оние кои биле демотивирани и го поништиле ливчето сигурно дека нема да се премислат со вториот круг. Очекувам да ја зголеми бројката комбинаторики помеѓу партиите. Тие коалиции ќе го зголемат бројот но тоа нема да бидат неопределените туку политички пазари. Неопределените ќе останат неопределени и разочарани, вели Трошановски.

Реклама

Дека кај неопределените има разочарување покажува и бројката на неважечки ливчиња која од избори до избори се зголемува. Според Трошановски, неопределените може да се мобилизираат само преку стекнување доверба во подолг период, а не помеѓу два круга.

Видливо е од бројот на неважечки ливчиња луѓето се повеќе се отуѓуваат од политиката. 11 илјади порано 50 илјади сега. Значи има тренд на зголемување на неважечки ливчиња и тоа се акт на револт. Треба да се промени пристапот и начинот на водење на една кампања. Да се промени реториката и праксата немам волшебна формула како неопределените да се активираат во растојание меѓу два круга. Тоа е доверба која се браќа со години. Апатичноста и недовербата не може да се смени толку брзо. Треба да се стекне доверба низ подолг период  на конзистентност, додава Трошановски.

Инаку, првиот круг на локалните избори заврши со 44 нови градоначалници. Во 33 општини ќе има втор круг, а во три ќе се повтори првиот круг поради недоволен цензус. ВМРО-ДПМНЕ доби градоначалници во 32 општини, а опозициската СДСМ во три. ДУИ во 4, ВРЕДИ во 5. За Град Скопје, силите ќе си ги одмерат Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ и Амар Мециновиќ од Левица, додека кандидатката на СДСМ Каја Шукова, беше четврта по бројот на освоени гласови.