Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Камчев: Валандово нема повеќе да тапка во место, со инвестициите што следат ќе се отворат 200 работни места 

Кандидатот за градоначалник за општина „Валандово“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоко Камчев,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник за општина „Валандово“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоко Камчев, истакна дека општина Валандово со години тапка во место, и не се движи во правилна насока заради лошите локални политики, и посочи дека економијата е сведена на најниско ниво и дека голем број на капацитети се затворени.

„Општина Валандово во последните години тапка во место, самиот факт дека мојот противкандидат од изборите во 2021 има изгубено повеќе од 1.000 гласови, тоа е најдобриот показател дека Валандово не се движи во вистинска насока. Нека ни кажат што тие направија за општина Валандово во поглед на развој на економијата, имавте ветено уште во 2017, проект 5-50-500, еве валандовската јавност сака да знае до каде е тој проект, иако сите знаеме дека тој проект воопшто и не е започнат. Нашата економија е на најниско ниво во последните дваесетина години, имаме најмал број на регистрирани фирми во овој момент во Валандово, голем број на капацитети се затворени. Што се случи со нашето земјоделство, што се случи со нашето стопанство, зошто е на толку ниски граники?“ го запраша Камчев противкандидатот Костадинов и актуелен градоначалник на општина Валандово.

Камчев истакна дел од проектите на својата изборна програма.

Реклама

„Лично преговарам со две компании коишто ќе инвестираат во веќе затворени стопански капацитети и очекувам да бидат вработени некаде околу 200 луѓе, локалниот економски развој е многу значаен ќе создадам тим од луѓе што имаат искуство, во мојата програма токму акцент е ставен на реконструкција на водоводните мрежи во целата општина, во однос на еколошкиот аспект секаде онаму кадешто можеме во сите општински институции ќе направиме термо фасади, ќе се обидеме сите институции да имаат добри објекти квалитетно изведени, предвидени се нови паркови, помалите населени места во општината ќе добијат содржини за децата, забавни паркови, ќе бидат финансирани сите спортски здруженија, исто така ќе извршиме реконструкција на градскиот стадион“, посочи Камчев.