Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Камбовски за одлуката на Врховен по предметот со Савовска-Димитровска: Ги почитуваме напатствијата и постапуваме по нив

Кога Советот за жалби при Врховниот суд укинува наша одлука, секако дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кога Советот за жалби при Врховниот суд укинува наша одлука, секако дека ги почитуваме напатствијата и постапуваме по нив со цел да донесеме правилна, законита одлука, вели претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, прашан за став откога апелациската судијка Наташа Савовска-Димитровска на прес-конференција го повика Советот при повторното постапување по одлуката за нејзино разрешување да „се издигне на нивото на задачата“.

Камбовски во изјава за медиумите пред почетокот на денешната седница на Судскиот совет рече дека Советот „секако дека постапува и во тој предмет и во сите што ги има“.

– Дали денеска на седница ќе се најде токму оваа точка – ќе видиме. Дневниот ред е утврден, дали денеска ќе успееме сите точки да ги поминеме или тоа ќе биде во два-три дена, не можам точно да ви кажам. Сè е во зависност од тоа како ќе се одвиваат точките што ги коментирате – изјави Камбовски.

Реклама

За наводите на судијката Савовска-Димитровска дека членот на Судскиот совет, Тања Чачарова-Илиеска, сепак требало да се изземе од постапувањето, Камбовски рече дека ја нема слушнато таа изјава од колешката.

– Јас лично ниту прочитав ниту ја слушнав таа изјава од колешката. Инаку, членот на кој се алудира воопшто не учествуваше во донесувањето на одлуката затоа што не смее – тој е подносител и не може истовремено да учествува во одлучувањето – изјави Камбовски.

Судијката Наташа Савовска-Димитровска од Апелацискиот суд Скопје минатата недела излезе на прес-конференција откривајќи дека три жалбени совети при Врховниот суд или 27 судии, од кои девет врховни и 18 апелациски судии, ги усвоиле жалбите и предметот по одлуката на Судскиот совет, со која таа и уште една судијка беа разрешени за учество во донесувањето пресуда за случајот „Телеком“, го вратиле на повторно одлучување. Савовска-Димитровска на прес-конференција со нејзиниот адвокат порача оти очекува дека Судскиот совет при повторното постапување, како што вели, „ќе се издигне на нивото на задачата, ќе се изолира од центрите на влијанија на моќ и ќе донесе законита одлука“, која ќе биде базирана на закон и факти.

Предметот „Телеком“ е за спор стар повеќе од две децении меѓу интернет-провајдерот „Фокуснет“ од Штип и компанијата „Македонски телеком“ за кој Апелацискиот суд донесе пресуда со која „Телеком“ треба да ѝ исплати отштета од речиси четири милиони евра на штипската фирма.