Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

„Како до сега“ „грешка“ Влада: Седум години СДСМ- ДУИ, четири премиери, еден од нив Ајнштајн, ама само еден реален шеф- Али Ахмети од Зајас

-Да нотираме дека направивме и да признаеме грешки, изјави Ковачевски -Грешки имавме,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

-Да нотираме дека направивме и да признаеме грешки, изјави Ковачевски

-Грешки имавме, изјави Заев.

-Тешка геостратешка грешка, кажа Заев.

Реклама

Седум години брак СДСМ- ДУИ, четири премиери, прво Зоран Заев, па техничкиот Оливер Спасовски, па пак Заев, па Димитар Ковачевски, па уште еден технички Талат Џафери, но по се изгледа над нив еден реален шеф од Зајас, со штаб во Мала Речица- Али Ахмети.

-Прво ќе ви кажам како ќе функционираме, кажа прво Ковачевски.

-Како до сега, па суфлираше Ахмети.

-Како до сега, па кажа Ковачевски.

-На Ахмети не му треба народот, на народот му треба Али Ахмети, изјави Груби.

Како што самите неретко си нотираат во текот на овие седум години направени беа доста грешки. Во внатрешната, надворешната политика, економијата, образованието, здравството и многу други сегменти.

Меѓу првите задачи кои ги завршија беше промената на името на државата, иако Заев пред да дојде на власт ветуваше сосем обратно.

-Го донеле Заев да го менува името, ајде мајката, велеше Заев.

-Да живее Република Северна Македонија, па кажа Заев.

За возврат на сите отстапки во односите со Грција, но и со Бугарија, Македонија не доби ниту реален старт на преговори со ЕУ. Иако при прифаќањето на францускиот предлог, отстапките со високо кренати реаце ги славеше Ковачевски.

-Да живеат граѓаните, да живее Република Северна Македонија, порача Димитар Ковачевски.

Власта потфрли и во здравството, наместо сегашниот хаос, ветувани беа брда и долини, од првиот ден ветуван беше нов клинички центар, а го ветуваа четири министри, шест локации беа во игра, шест фирми изведувачи, но на крајот седум изгубени годни, иако кога дојдоа на власт веќе имаше почнат и потпишан проект за нов клинички од страна на ВМРО-ДПМНЕ со италијанска компанија на постојната локација за околу 80 милиони евра. Но наместо тоа го добивме скандалот со Онкологија и пожарот во Модуларната болница во Тетово каде животот го загубија 14 луѓе.

-Нашиот став како Влада и како Министерство за здравство сакаме да вложиме повеќе со наши пари.Еднаш за 40-50 години да направиме асален Клинички центар, кажа поранешниот министер за здравство Арбен Таравари.

-Ќе се гордееме со новиот најсовремен Клинички центар во регионот на Западне Балкан – изјави поранешниот министер за здравство Венко Филипче.

За и повеќе од катастрофалната состојба во економијата најмногу знаат обичните граѓани, кои последниве години поради галопирачката инфлација едвај врзуваат крај со крај, а видовме и сцени од 90-тите години каде на полиците во маркетите, немаше ниту основни продукти. Она што во 2019-та изгледаше смешно, за жал стана вистиното и трагично, македонската економија како што најави поранешниот премиер Заев се закотви со сидро.

Економската состојба беше проблематична само за обичните граѓани, но не и за функционерите од СДСМ и ДУИ, тие на еден начин беа магнет за државните пари. Па така милиони добија фирми блиски до ДУИ, до СДСМ, но и сопругата на самиот поранешен премиер, но тоа за него не било никаков проблем.

-(ДАЛИ ТОА Е САМО НЕЈЗИН БИЗНИС ИЛИ МОЖЕБИ ВАШ СЕМЕЕН БИЗНИС?) Тоа е нејзина инвестиција, која што ја има направено со свој сопствени средства. (ЗНАЧИ БЕЗ ВАША ПОМОШ?) Па без моја помош, зошто би имала помош од мене, тоа е инвестиција која може секој граѓанин да ја направи, кажа Ковачевски.

-Радувајте се луѓе, се гради во државата, порача Груби.

Македонија доживеа дебакл и во сегментот на образованието, па така на запад се граничи со Бугарија, а Монт Еверест порасна за 20 киломентри, ако се читаат македонските учебници. И ова се само дел од бројните примери кои ја одбележаа пропаста што ја доживеа долгонајавуваната реформа на образованието на СДСМ и ДУИ. Можеби најмладите не добиваат образование кое го заслужуваат, но државата си доби Ајнштајн на премиерската позиција.

Матеја Петровски