Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

🎥Како да ги заштитиме децата од сексуална злоупотреба на интернет?

Онлајн сексуалната злоупотреба на деца е еден од најсериозните предизвици со кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Онлајн сексуалната злоупотреба на деца е еден од најсериозните предизвици со кој што се соочуваме во денешната дигиталната ера. Првата детска амбасада во светот Меѓаши со своите активности постојано работи на заштита на правата на децата, вклучително и на заштита од сексуално искористување и злоупотреба на децата. Според Драги Змијанац треба да се создаде сигурен и безбеден дигитален простор за децата а во превенцијата треба да бидат вклучени и родителите, професорите, наставниците како и институциите.

„Имаме наш телефон за деца и млади кој работи 24/7 и е место кај што младите ќе може да комуницираат со наши оператори. Тоа е една благородна улога што ја има „Меѓаши“ како организација и се надевам дека секој во државата ќе ја сфати неговата важност и улога.“- изнави Претседателот и основачот на Првата детска амбасада Меѓаши, Драги Змијанац.

Во ера кога децата од 8 до 10 часа поминуваат на интернет, дигиталната средина станува се поважна за нив, особено кога образованието се повеќе се потпира на дигиталните услуги. Тоа освен што нуди нови можности, истовремено и отвара нови ризици за нивно прекршување и злоупотреба. Психолозите препорачуваат отворен разговор без осудувања и навремена едукација на децата.

Реклама

„Да обезбедуваме простори за разговор со децата. Колку помала возраст, толку подобро. Да зборуваме за тоа што значи приватност, правото дека можам да кажам не за нешто за кое што не се чувствувам безбедно. Да се насочат кампањи и на владиниот сектор, па и на јавните институции.  Да се смислуваат такви кампањи за да се поттикнеме сите ние.“- изјави психологот Јорданка Черепналкова Трајкоска.

Младите велат дека најважна е едукацијата за ризиците што се јавуваат на социјалните мрежи, но и да се охрабруваат тоа и да го пријавуваат во јавноста. Искуствата неретко кажуваат дека при вакви случаи, младите кои се жртви стравуваат од такво нешто, плашејќи се од реакциите на околината. Во Македонија до сега имало случаи на сексуална злоупотреба на фотографии.