Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Кадриу: На Панчевски му наместија случај зашто не беше послушен кон нив, Фатиме и Ленче се однесуваа срамно

Се сеќавам имаше едно барање да се прибават некои списи од редовниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се сеќавам имаше едно барање да се прибават некои списи од редовниот суд чиј претседател беше Владимир Панчевски. Претседател на Кривичниот суд Скопје, а тогаш довербата беше на највисоко ниво. Велите 40-50 отсто, ако не и повеќе. И се сеќавам дека претседателот на Судот не дозволи предметот да излегува од Судот. Значи имате потреба, дојдете, направете увид, во присуство на стручни работници, под камери, повелете, разгледајте што ви треба. Ќе се направат заверени копии, ќе ви се дадат. Е тогаш почнаа против него. Тогаш требаше по секоја цена Владимир Панчевски веќе да не биде таму. Значи тој беше проблем број еден. И требаше по секоја цена да му се измисли случај. Кога  не можеа да му најдат ништо, почнаа да измислуваат предмет за распределба на предметите рачно, наместо по АКМИС системот. Ама, знаете што, менаџирањето, законитоста е работа и улога на претседателот на суд. Во тоа време ако некој предмет се дал во работа од страна на претседателот на некој судија, тој судија и тие одлуки што ги носи тој судија подлежат на проверки, со право на жалба од Апелационен суд, од Врховен, од Уставен. Не е тоа дека нешто се направило, па ќе се забошоти, како што на пример, се немаше право на жалба на одлуките на Специјалното обвинителство. Значи, редовна постапка. Во тоа време, и покрај тој систем, некои предмети се даваа во рака и од страна на претседателот на Врховниот суд и од страна на претседателот на Управен суд. Никому не му поведоа постапка, колку што се сеќавам, само на претседателот на Основниот кривичен суд, Владимир Панчевски, објаснува адвокатката Лејла Кардиу во интервју на ТВ АЛФА за тоа како е наместен, а потоа и осуден, екс претседателот на Кривичниот суд во Скопје, Владимир Панчевски.

Според неа, проблемот е што не сакал да постапува на незаконски начин како што од него се барало во тоа време на хајки, прогони, во тоа време на СЈО и Зоран Заев.  

„Човекот работеше на законит начин. Формираа предмет против него со селективна правда. Да беше за сите еднакво, човек ќе рече добро. Ама овде беше селективна правда“, вели Кадриу. 

Реклама

На прашањето дали е точно дека при еден претрес му биле украдени клучеви од бирото, Кадриу вели: 

„Тоа е веројатно и затоа и не дозволувал да излегуваат предмети од судот. Влезете, еве ви, огромен простор, направете увид во списи, во предметите, земете заверени копии, ќе ви дадеме. Ама да грабате, да ставате списи по џебови, како што се виде дека се правело, е тоа богами не може. Се подготвуваше теренот за, како што се покажа на крајот, политичка егзекуција.“ 

На прашањето како тоа обвинителката Ленче Ристовска не била вознемирана од престојот на Заев и Шеќеринска во СЈО, а сега е вознемирена од изјавите на премиерот Мицкоски и каква била улогата на Фатиме Фетаи во СЈО, Кадриу одговора: 

„Срамно однесување. Значи, ќе застанат двете до Катица, ја гледаат вака во очи. А во оваа држава, никому, ни на судија, ниту на  јавен обвинител не му треба нешто друго освен почитување на законот. Спроведувајте го законот. Спроведувајте го Уставот. Почитувајте ја оваа држава. Сакајте ја оваа држава. Не е љубов кон држава ако ги имате овие два отсто  доверба. Не е фер кон луѓе од кои се одземаат пари, за да се полни буџетот и да се однесуваме така нечесно. Фатиме требаше да си ја работи својата работа, Ленче својата работа. Не да изигрува жртва и тогаш, и сега, и во иднина. Работи ја својата работа чесно. Гледајте, ваму вели дека некој нешто притисок и правел, за премиерот зборува нешто. Ало, човече,  ти земаш незаконити материјали на рака, одушевена од Шеќеринска и од Заев. Кога видов, јас ги зедов чантата, капутот и излегов. Си реков, јас нема да бидам дел од ова лудило. Јас нема да дозволам во Обвинителство да влезат материјали кои не се со записник за примопредавање. И не седам тука да ве дружам и кафе да пијам и да се глупирам.“