КЈП „Водовод“ од Кочани ги известува жителите на с. Бели дека поради дефект на главната доводна линија, селото ќе остане без вода за пиење и по 20.00 часот, сè до целосна санација на дефектот.
Екипа на Комуналното јавно претпријатие прави се што е во нејзина можност дефектот да биде отстранет што е можно во пократок период, стои во соопштението на кочански „Водовод“.
