Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски денеска ќе информира за двегодишното работење на Фондот, презентирајќи ги најзначајните реформи, реализираните проекти, унапредувањата во здравствениот систем и резултатите постигнати во интерес на осигурените лица.
Ќе бидат презентирани и клучните политики што придонесоа за поголема достапност на здравствените услуги и лековите, подобрување на правата на осигурениците, зајакнување на транспарентноста и поефикасно управување со средствата на Фондот, информираат од институцијата.
Клековски од Фондот за здравствено осигурување заминува во Министерството за здравство откако доцна синоќа беше избран за министер.
