Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

„ЈСП Скопје“ од утре останува без гас, можни се доцнења и откажување на линии поради прекин на испораката

Скопјани кои користат јавен превоз од утре треба да бидат подготвени дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопјани кои користат јавен превоз од утре треба да бидат подготвени дека можеби подолго ќе чекаат автобус, затоа што од „ЈСП Скопје“ најавуваат можно отстапување од возниот ред. Причината за можните отстапувања е прекинот на испораката на природен гас.

Од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје информираа дека добиле известување од снабдувачот „Номагас“ за прекин во испораката на природен гас до 17 октомври, што може да предизвика редуцирање на некои автобуските линии, особено оние што користат гас како гориво.

„Корисниците на јавниот превоз се предупредуваат да бидат подготвени за доцнења и променливи возни редови“, велат од „ЈСП Скопје“. Во текот на изминатата година, јавниот превоз во Скопје веќе се соочи со кризи поради недостиг на гориво.