Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

ЈП „Чистота и зеленило“ доби две возила за изнесување на смет 

– Комуналното претпријатие „Чистота и зеленило“ Куманово  доби две специјализирани возила за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Комуналното претпријатие „Чистота и зеленило“ Куманово  доби две специјализирани возила за изнесување на смет, информираа денеска од претпријатието. Средствата за набавка на возилата се обезбедени преку Бирото за  рамномерен регионален развој и Министерството за локална самоуправа преку имплементаторот Центарот за развој на североисточниот плански регион. Возилата ќе се  користат за изнесување на смет од потесни улички.

-Презадоволни сме од набавката на овие возила кои дополнително ќе ги подобрат условите за изнесување и депонирање на смет. Многу е важно за граѓаните кои живеат во потесни улички да добијат навремена и квалитетена услуга, изјави директорот на претпријатието, Ненад Стојановски.

Претпријатието располага со дваесетина возила од кои дел се во неисправна состојба и често не можат да се поправат. Стојановски очекува општината да вложи во набавка на нови возила, но и преку проекти.

Реклама

Досегашната претседателката на советот на општината, Ивана Ѓорѓиевска информираше дека набавката на двете возила чини над 1,6 милиони денари.

-Многу е важно да се подобри квалитетот на изнесување на смет во потесни улички. Граѓаните од неколку населби реагираа дека заради непристапноста на теренот им се потребни вакви возила, изјави Ѓорѓиевска.

Во рамки на проектот ќе биде набавено дополнително уште едно специјализирано возило за потребите на претпријатието, а други две општини Ранковце и Старо Нагоричане ќе добијат садови за смет.