Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Јовева: ЕК треба јасно и гласно да каже дека Македонија има напредок, не е фер да се става во ист кош со Србија и БиХ

Мислам дека не е фер Македонија да се става во истиот кош…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мислам дека не е фер Македонија да се става во истиот кош со Србија и Босна и Херцеговина, кога станува збор за напредокот на европскиот пат, изјави словенечката европратеничка Ирена Јовева.  

– Морам да кажам дека Црна Гора и Албанија, а посебно Црна Гора, реално или најреално навистина е најнапред од регионот во однос на реформите и напредокот. Иако не би сакала да испадне дека ја критикувам еврокомесарката Марта Кос или Комисијата, но мислам дека малку не е фер да испадне дека сме, ако така смеам да кажам, во истиот кош со Србија, па и со Босна и Херцеговина, вели Јовева, која има македонско потекло.    

Јовева, кој е дел од либералната група „Да ја обновиме Европа“, нагласува дека особено не е фер, ако знаеме што се случува во Босна и Херцеговина, а посебно во Србија.  

Реклама

– Не е до толку дека македонската држава не напредувала, има напредок, но оценката е премногу генерална, премногу општа. Секако, не може да се каже дека Македонија напреднала толку колку и Црна Гора, но заслужува да се каже јасно и гласно дека има напредок, потенцира Јовева. 

Според неа, ако Извештајот на Европската комисија за земјава за 2025 годна се чита конкретно, ќе се види дека сепак има таа има постигнато напредок и тоа треба да се потенцира, а не да се вели дека е во ист кош со Србија или Босна и Херцеговина.

 – Мислам дека таквиот наратив не в ред и не фер, пред се од страна на Европската комисија и треба јасно и гласно да се каже дека Македонија има напредок. Мислам дека земјата напредува и дека е на добар пат во процесот на пристапување кон Европската Унија, вели Јовева. 

Словенечката европратеничка смета дека не се точни оценките дека Европската Унија не сека да ја прими земјава во ЕУ и дека само ја користи Бугарија како изговор. 

– Како некој што има доста добри контакти и увид во сето она што се случува, воопшто не можам да се сложам со таквите проценки. Мислам дека на нив не им е место, посебно не сега. Моментумот е тука. Тоа нема врска со сакање или не сакање, туку со реалноста, а реалноста е дека Македонија има направено напредок, истакнува Јовева. 

Таа додава дека спорот со Бугарија е билатерален, што е јасно кажано и од страна на Европскиот парламент во последните извештаи, како и од страна на Европската комисија. – Како што не е фер да се става Македонија во исти кош со Србија во контекст на напредокот во пристапниот процес, исто така не е фер да се користи општата ситуација во регионот за собирање евтини политички поени. Северна Македонија е држава која заслужува место во Европската Унија и мислам дека кога-тогаш ќе стигне до тоа. Само треба да продолжи со реформите, додава Јовева.