Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

Јовановски: Кичево заслужува чесен и трудољубив градоначалник

Кичево заслужува за градоначалник да има чесен и трудољубив човек, кој ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кичево заслужува за градоначалник да има чесен и трудољубив човек, кој ќе се жртвува за својот град, истакна Александар Јовановски, кандидатот за градоначалник на општина Кичево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот мини-митинг во Кичево во рамките на изборната кампања за вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат 2 ноември.

Во своето обраќање Јовановски се заблагодари за присуството на граѓаните, и потенцираше дека кампањата која се водела за локалните избори во општина Кичево, била исклучиво позитивна.

-Ви благодарам на присуството, ви благодарам на поддршката, самата ваша бројка доволно говори. Целата кампања ни се засноваше на позитивна енергија, целата кампања зрачи и ќе продолжи да зрачи после големата победа само со позитивна енергија, ќе продолжи да зрачи со надеж и среќа за сите. Сите оние коишто не веруваат, сите оние коишто се уште се двоумат, сите оние кои мислат дека не е можно да оствариме победа, нека размислат уште еднаш, рече Јовановски.

Реклама

Кичево, како што потенцираше Јовановски, заслужува за градоначалник да има чесен и трудољубив човек, кој ќе се жртвува за својот град. 

-Верувајте, заслуживме да имаме чесен човек, трудољубив човек и човек  којшто ќе се жртвува за овој град, а тој човек сум јас почитувани. Сакам да изразам особена благодарност до припадниците на сите политички партии во нашиот град, без разлика на кој етникум припаѓаат, без разлика на која идеологија припаѓаат, има луѓе кои увидоа со што се соочуваме, за жал сите вие сте сведоци на што се, се изнагледавме изминативе денови, какви снимки изнаслушавме и какви видеа видовме, ние како граѓани не го заслужуваме. Дојдете на 2 ноември на истото ова место, ќе славиме заедно, истакна Јовановски.