Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Јорданов: Заокружете го бројот 9 на 19 октомври, за да продолжиме успешно да го градиме Штип

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Штип, Иван Јорданов, на денешниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Штип, Иван Јорданов, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, истакна дека граѓаните се најголемата поддршка за реализација на многубројните проекти и идна мотивација за наредните 4  години за развој на Штип.

„Почитувани сограѓани вечерва оваа енергија е поинаква, се чувствува поддршката на локалната самоуправа. Вечерва нема да ги набројувам проектите кои ги реализиравме изминатите 4  години затоа што секој еден од вас имаше можност во транспарентна постапка секојдневно да ги констатира проектите, работењата. Во овие четири години вложивме многу посветеност, труд, љубов, доживеавме различни предизвици. Она кое сакам да го порачам вечерва, суштината на секој изборен процес е да бидеме подобри од минатото, со нашето искуство кое го стекнавме, ќе се трудиме да ја подобриме продуктивноста на локалната администрација, да бидеме слуга на вас, граѓаните, преку јавните претпријатија, само така ќе испорачаме подобрување на вашето и наше секојдневие, за помодерен и поубав Штип“, рече Јорданов.

Кандидатот за градоначалник на општина Штип упати благодарност и порака до граѓаните, масовно да  излезат на 19 октомври и да го дадат својот глас за  ВМРО-ДПМНЕ, за да продолжи општина Штип да се развива со уште по засилено темпо, со уште поголеми проекти за најмодерен и најразвиен град во Македонија.

Реклама

„Секој еден глас одлучува, секој еден глас ја создава иднината на нашиот град, излезете и масовно заокружете го бројот 9 на 19 октомври. Колку е по масовна победата толку е поголема обврската и одговорноста која што ја имаме. На Штип му е потребно обединување, на Штип му е потребен развој, на Штип му е потребна масовна победа и поддршка за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, само така ќе продолжи развојот, само така ќе продолжат проектите во нашиот град. Никогаш нема да ве изневериме, со уште поголемо срце и енергија ќе продолжиме да го градиме нашиот град, да го направиме најразвиениот, најмодерниот, најубавиот град во Македонија. Вечерва со чист образ ве гледам во очи, ајде заедно да продолжиме да го градиме нашиот Штип со којшто ќе се гордееме“, вели Јорданов.