Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Јорданов: Филипче спроведува операција на заташкување на случајот со смртта на 41 годишната пациентка во Штип, директорот кој бил на смена тој ден треба да спроведува истрага

Онаа стара изрека „Рибата смрди од главата“, ја доловува ситуацијата во штипската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Онаа стара изрека „Рибата смрди од главата“, ја доловува ситуацијата во штипската Клиничка болница.
Случајот пациент умрел молејќи за кислород оди директно до раководството на штипската болница и до министерот Венко Филипче. Нашите извори говорат дека, кобниот ден, кога се случила драмата на Инфективното одделение во Штип, директорот на Клиничката болница близок кадар на Венко Филипче Ален Георгијев бил на смена како дежурен лекар токму на тоа одделение, изјави на денешната прес конференција, Иван Јорданов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Да потсетиме дека во Штип умре пациентка, мајка сопруга молејќи за кислород кој што никогаш не го добила.
После направениот инспекциски надзор, на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, со решение му е дадено овластување на директорот веднаш да ја свика комисијата за следење на квалитет која ќе ја утврди фактичката состојба за спроведеното лекување на пациентката и околностите кои довеле до смртен исход.
Значи случајов со смртта на пациентката која не добила кислород треба да го испитува и решава Директорот на клиниката кој бил дежурен тој ден, а е познато дека е близок кадар на Венко Филипче.Ако го земеме во предвид фактот дека токму Директорот на болницата Ален Георгијев близок кадар на Филипче по распоред бил на Инфективно, за кое дежурство самиот претходно се пофали, тогаш има индиции дека самиот е одговорен за споменатата случка,вели тој.

Тоа значи дека директорот на Филипче, Ален Георгијев сам на себе треба да си констатира неодговорност и пропуст при извршувањето на лекарските задачи во организацијата каде што е раководител. Поставувањето на директорот на Болницата во Штип Ален Георгијев да го испитува случајот за смртта на 41 годишната пациентка која почина молејќи за кислород кога тој самиот дента кога починала е одговорен и на смена во болницата укажува дека Филипче спроведува операција за заташкување на одговорноста за овој случај. Очигледен е не само менаџерски, туку и лекарски пропуст, кој за жал резултирал со смрт на пациент, потенцира Јорданов.

Реклама

– Бараме, Државниот санитарен и здравствен инспекторат јавно да го објави извештајот од Клиничката болница!
По втор пат, го повикуваме јавното обвинителство да истражи дали има вистина во ова што го зборуваме и дали навистина најголема одговорност за овој случај треба да преземе токму Директорот на Клиничката болница во Штип! И бараме оставки за директорот на штипската болница Ален Георгијев кој бил одговорен дента кога починала пациентката и на најнеспособниот Венко Филипче кој го прикрива случајот. Го повикуваме и Директорот, да излезе пред јавноста не со дрски објави на социјалните мрежи, туку да образложи кој ќе сноси одговорност кога тој како лекар и директор е најодговорен за случајот со 41 годишната пациентка, дециден е тој.