Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

ЈКП „Стандард“ апелира дебрани да ја користат водата одговорно бидејќи има населби кои се соочуваат со недостиг на вода

Јавното комунално претпријатие „Стандард“ попладнево упати апел до дебрани да ја користат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавното комунално претпријатие „Стандард“ попладнево упати апел до дебрани да ја користат водата одговорно и исклучиво за неопходни потреби.

– Свесни сме дека во изминатите денови и недели голем број жители во неколку населби од градот се соочуваат со недостиг на вода за пиење. Целосно го разбираме незадоволството и тешкотиите што оваа состојба ги предизвикува, но сите заедно треба да помогнеме во оваа ситуација. Од први јули воведовме четири, а потоа и петчасовна рестрикција, во населбите „Венец 1“ „Венец 2“ „Тараник“ и Ќернаница, но проблемот станува се посериозен, бидејќи во делови на градот вода нема и повеќе часови, посебно во повиоските катови на станбените згради, велат од претпријатието.

Од јавното претпријатие ги замолуваат граѓаните да не ја користат водата за наводнување на градини, полнење на базени, миење на дворови и тротоари. 

Реклама

– Секоја друга употреба што не е од суштинска потреба и се смета за злоупотреба, а заштеден литар вода помага повеќе семејства да имаат пристап до вода за пиење во овој период, велат од јавното претпријатие.

Освен во градот рестрикција има и во Долно Косоврасти, каде се наоѓа и бањскиот локалитет и тоа од 10 до 13 часот.

Претпријатието стопанисува со водоводот Росоки – Дебар, кој црпи вода од изворите во село Росоки, Мала Река и една од најквалитетните во Европа.

Според  надлежните, во главниот резервоар пристигнува вода за над 40 илјади жители, градот нема повеќе од 10 илјади, и дополнително неколку илјади,  од крајот на јули до средината на август кога доаѓаа иселениците. За жал, констатираат,  години на ред во летниот период се воведуваат рестрикции поради злоупотреба на водата, дополнително голем број потрошувачи не ги намируваат сметките а има и диви приклучоци.