Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Економија

Јавниот долг на Македонија ќе порасне до 66% од БДП и нема да се сатбилизира до 2026, ќе се живее многу тешко

Јавниот долг на земјава ќе расте, а стабилизација на граница од 60%…

Сподели:

Јавниот долг на земјава ќе расте, а стабилизација на граница од 60% од БДП не се очекува до 2026, што значи дека македонската економија уште долго ќе биде на стаклени нозе. Иако власта уверува дека состојбата е стабилна, бројките не велат така. Според министертвото за финансии, долгот годинава ќе достигне 63,9% од БДП. Рекордот ќе се руши догодина за кога се прогнозира да порасне на високи 65,9%. Во 2023 е проектиран на 65,2%. Намалување, но не под 60% е планирано за 2024 година – кога јавниот долг е проектиран на 62,5%. Во 2025 треба да е 60,1% и дури 2026 да се спушти под 60% од БДП.

На ваквите загрижувачки прогнози, предупредува и поранешната заменик министер за финансии во техничката влада, Гордана Димитриеска Коочоска која реагира дека до сега власта ги промашила сите проекти, и сега ги задолжувала граѓаните.

  • Најголемиот проблем кој оваа влада го прави, е тоа што во континуитет се задолжува, а во исто време не сакаат да погледнат во трошоците кои ги прават, и да видат што може да се намали, а простор за намалување на трошоците има. Имено имаме повеќе од 300 милиони евра во разни расходи, за кои треба да се погледне каде одат, рече Гордана Димитриеска Кочоска.

Таа кажа дека ако се погледнат прогнозите за јавниот долг до 2026 година, состојбата е многу тешка. Кочоска потенцира дека новите задолжувања кои што ќе доаѓаат ќе бидат со повисоки каматни стапки. Кочоска го повика министерот да крати на трошоци, и да не се дозволи јавниот долг во 2023 година, како што е напишано во прогнозите да достигне 65.9%, бидејќи тешко ќе се враќа истиот, особено ако се земе во предвид фактот дека продуктивноста во Македонија паѓа, народот се иселува, а фирмите работат катастрофално.

Реклама

Она што загрижува и тоа сериозно е дека економијата наместо да заздравува, оди во ќор сокак. Се трошат милионски суми за недомаќински потреби, проектите тапкаат в место или се реализираат делумно и со доцнење. Дека тоа е така покажува сликата на терен. Авртопатот Кичево Охрид е далеку од реализација проект на кој биле потрошени околу 350 милиони евра. Пругата кон Бугарија е заглавена во постапките за тендери и проекти, на стернд бај е и автопатот до Блаце.

Борис Грујоски