Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Јаревски: По скратена постапка го менуваме Законот за јавен ред и мир

Изминатава недела бевме посветени на изнаоѓање на решенија кои во иднина нема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изминатава недела бевме посветени на изнаоѓање на решенија кои во иднина нема да дозволат да ни се случат нови трагедии или хаварии. За оваа цел, по скратена постапка го менуваме законот за јавен ред и мир, кој ќе создаде нови механизми за воведување ред, заштита и поголема безбедност за секого, рече Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Предлог законот го стеснува обрачот околу оние кои создаваат ризици преку злоупотреба и незаконско користење на пиротехнички средства, особено во затворен простор.

Се заострува регулацијата за приредување огномет, факелијада и слични приредби на кои се користат експлозивни материи.

Реклама

Се заоструваат и казните за правни и физички лица кои ќе ги прекршат одредбите од овој закон. Дел од казните се двојно повисоки, а за некои, законот предвидува и притвор.

Преку ова законско решение ги прошируваме и надлежноста на полицијата. Механизам преку кој ќе овозможиме поголема контрола при користење на експлозиви, како и побрзо и поефикасно спроведување на овој закон“, потенцира тој.

„Ова е само едно од законските решенија со кои ќе направиме значајни подобрувања за зголемена безбедност. Во периодот кој следи, во Собранието ќе се поднесат и други предлози кои се подготвуваа изминативе 2 недели.

Ги повикувам сите мои колеги пратеници, без разлика на политичката припадност, да го поддржат овој предлог-закон, бидејќи станува збор за суштинска промена која не засега сите, изјави рече Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ја охрабрувам и пошироката јавност, активно да се вклучи во дискусијата и да даде свои сугестии, заедно да донесеме подобри закони и решенија, за да создадеме подобро и побезбедно општество за сите нас, рече Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.