Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Јануш Камински, Семи Капланоглу, Воли Фистер, Тимо Салминен… гости на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола

Покрај лауреатите Ден Лаустсен и Џеф Кроненвет, во Битола доаѓаат Јануш Камински,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Покрај лауреатите Ден Лаустсен и Џеф Кроненвет, во Битола доаѓаат Јануш Камински, Семи Капланоглу, Воли Фистер, Тимо Салминен и ред истакнати имиња од светската кинематографија – истакна на денешната прес-конференција директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Димитрија Доксевски.

Доксевски промовира повеќе фестивалски новини, кои од утре до 25 септември ќе се реализираат на повеќе локации во Битола.

– Годинава, имаме импресивна програма со рекорден број филмови и едукативни содржини. Морам да потенцирам дека имаме прекрасни автори и огромна бројка на гости на ова издание. Како новина го издвојувам киното на отворено, кое ќе се одржува во пациото на Музејот во Битола и бесплатно ќе може да се гледа макпоинт-програмата. Проекциите од главната селекција ќе се реализираат во Центарот за култура, каде што е обезбедено ново платно и нов проектор, кој ќе се користи за потребите на Фестивалот, и ќе го подобри квалитетот на проекциите со цел публиката да ужива во програмата на Фестивалот – нагласи Доксевски.

Реклама

ИФФК „Браќа Манаки“ и Друштвото на филмските работници (ДФРМ) почнуваат нова соработка со Европската филмска академија, посочи Марија Димитрова, претседателка на ДФРМ.

– Оваа година како Друштво на филмските работници заедно со Европската филмска академија почнуваме серија панели на кои ќе разговараме за битни прашања поврзани за работата на кинематограферите, техничките услови во кои работат и ред други аспекти на нивната работа. Годинава, панелот ќе се одржи на 21 септември во рамките на Фестивалот, на кој ќе ни бидат гости Тимо Салминен и Јануш Камински – нагласи Димитрова.

Таа додаде дека годинава за публиката има и многу македонски филмови, што е, вели, мошне важно за македонската кинематографија.

Новото издание на ИФФК „Браќа Манаки“ почнува утревечер со проекција на македонскиот филм „Скејтањето не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума.