Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

Јанковски: УО на Стопанската комора – сериозно функционално тело со силна репрезентативност

„Во време на брзи промени технолошките вештини се неопходни и секој човек…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Во време на брзи промени технолошките вештини се неопходни и секој човек ќе мора да ги поседува, без разлика на формалното образование, за да може да придонесува и да просперира во општеството“, изјави м-р Тони Јанковски, директор за развој на производи и иновации во „Дајнерс клуб Македонија“ Скопје, во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески, се наведува во соопштението од Стопанската комора.

Според него, дигитализацијата е неминовен процес кој полесно и побргу го прифаќаат помладите генерации и кој го приспособува својот начин на функционирање на дигиталните алатки.

Како претставник на помладата генерација, запрашан за причините за иселување на младите, м-р Јанковски ја објасни мотивацијата на младите за заминување во странство: желбата за полесен и побрз пат до успехот, можноста за лесна заработувачка и за работа од дома, избегнувањето тешки ситуации и преговарања, како и исполнувањето на задачите со минимален напор, што им го овозможува работата во странство.

Реклама

Во текот на разговорот Јанковски истакна три клучни промени што би ги направил за развој на државата: 1) промени во образованието преку следење на модерните трендови; 2) воспоставување вредности базирани на искуство, знаење и професионалност, без партиско влијание и со наградување на успехот врз основа на резултатите и 3) прогнозирање и планирање за наредните години според постигнатите резултати.

Во време на брз развој на технологијата и дигитализацијата, запрашан каде ја гледа својата фирма по десет години, м-р Јанковски посочи дека иднината е во дигитализирањето на процесите, користењето на вештачката интелигенција и обезбедувањето достапни услуги 24/7, без човечки грешки, но секогаш со човечка контрола.

„Технологијата не значи заменување на луѓето, туку нивна преквалификација и доквалификација за нејзино користење. Потребна е технолошка писменост за ефикасно да се користат алатките што се на располагање и да се контролираат“, нагласи Јанковски.

Според него, мора да се обезбеди безбеден систем на функционирање, но и на почитување на регулативите и стандардите, со цел заштита на податоците со кои располагаат според дејноста на неговата фирма.

Во продолжение на поткастот, како член на Управниот одбор на Стопанската комора, м-р Јанковски оцени дека Управниот одбор на Стопанската комора е:

„Сериозно функционално тело со добра репрезентативност на стопанскиот сектор и на различните стопански гранки, во кое отворено се дискутира и се решаваат реални проблеми. Составот е од реализирани луѓе кои имаат изградено нешто, но кои сè уште се во процес на градење на своите фирми и на своите приказни. Има критична маса за работа“, изјави Тони Јанковски.

Како дел од тоа тело, Јанковски истакна дека работи на: 1) задржување на кадарот и на негово обучување уште во универзитетските клупи, за да може по завршувањето да се вклучи во работните процеси; 2) експертиза и користење на надворешните контакти за позитивни искуства и инвестиции и 3) забрзана дигитализација и вмрежување на бизнисите.