Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Јаневски: Тридецениското игнорирање и неефикасност на правната држава, главната причина за трагедијата

Јаневски: Тридецениско игнорирање на правната држава кулминираше со трагедијата во Кочани Акумулацијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јаневски: Тридецениско игнорирање на правната држава кулминираше со трагедијата во Кочани

Акумулацијата на неефикасноста на правната држава трае веќе три децении. Кулминацијата настапи во последните седум години, кога, по настаните на 27-ми април, целосно беше уништена и она малку што функционираше во државата, со цел да се инсталира Заев и да се спроведе Договорот со Грција. Им беше дозволено да прават што сакаат, системот беше целосно девалвиран и фактички престана да функционира, изјави во вчерашното гостување во емисијата „За или против“ искусниот новинар Дарко Јаневски, коментирајќи ја трагедијата во Кочани која потресе цела Македонија.

„Имаме прописи, но никој не ги почитува. И тоа е една од главните причини за оваа трагедија“, нагласи Јаневски.

Реклама

„Во изминатите девет месеци од последните избори, можеше да се направи многу повеќе, но евидентно е дека не беше направено доволно. Македонија, под изговор на повисоки цели како НАТО и ЕУ, ја дозволи странската вмешаност која доведе до неуставни дејства, како формирањето на СЈО и сите оние нерегуларности што го следеа. Проблемите и забавувањето на процесите се и денес актуелни, бидејќи обвинителите немаат дозвола да ја завршат работата“, истакна Јаневски.

„Требаше да се делува поостро, уште од првиот ден. Не смееше да се чека“, изјави Јаневски, објаснувајќи дека неуставното формирање на СЈО е само еден пример за погрешниот пристап и за подоцнежната неефикасност на системот.

„Во Уставот јасно пишува дека постои единствено Јавно обвинителство. Не може да има паралелно обвинителство, тоа значи дека државата функционира паралелно. Но, Уставниот суд не сакаше да постапи по поднесените приговори, и тоа се одрази на целокупниот систем. Тоа е само еден пример на метастазираниот систем. Оваа трагедија е последица на тоа. За жал, се случи со многу жртви и деца. Прашање е дали можело да се направи повеќе. Мојата теза е дека требаше да се делува поостро уште од самиот почеток, да не се чекаше“, заклучи Јаневски.