Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Македонија

Јаневска: Секоја успешна образовна приказна започнува со наставник кој верува во ученикот

Секој успешен образовен процес почнува со мотивиран наставник. Кога учениците ќе почувствуват…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секој успешен образовен процес почнува со мотивиран наставник. Кога учениците ќе почувствуват дека се слушнати и разбрани, почнуваат со сериозни промени кои го вклучуваат целиот образовен систем и водат кон напредок, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Јаневска денеска учествуваше на панел дискусијата во Прилеп, заедно со наставници, стручни лица, родители и од Педагошкиот факултет од Битола на темата „Магијата е во знаењето“. Оваа е втора панел дискусија  под мотото „Наставникот е прво пријател, а потоа учител“.

Според Јаневска, и Владата и Министерството многу вложија и вложуваат во образовниот процес.

Реклама

-Не е само кампањата за подигнување на свеста за улогата на наставникот и за подигнување на неговиот дигнитет, туку како Влада и Министерство вложуваме во процесот. Обезбедивме повисоки плати на наставниците, континуирано обезбедуваме подобри услови за работа, вложивме 67 милиони евра во инфраструктура, обезбедуваме нови, современи технологии кои на наставниците ќе им овозможат полесно и помотивирано да го спроведат својот начин на образование за учениците, зашто имаат слобода во тоа, и треба да ги развиваат нивните компетенции, изјави Јаневска.

Педагошкиот факултет од Битола е лидер во образованието во Регионот и пошироко, бидејќи нуди и студиски програми, единствени во нашата земја. Ќе воведува нова студиска група, барана на пазарот на трудот.

– Факултетот нуди: работа со надарени и талентирани, информатика и техничко образование, а се поголем е бројот на студенти кои се запишуваат на македонски јазик и книжевност. Оваа година планираме да отвориме нова програма, бидејќи пазарот на трудот покажа дека студиската програма германски јазик и книжевност би било добро да ја реакредитираме, вели Данче Сивакова Нешковски, деканка на Педагошкиот факултет од Битола.

Пријателството со наставникот не го исклучува неговиот авторите пред учениците, смета професорот Дејан Димоски од прилепското средно учќилиѓте „Ѓорче Петров“

-Ние треба да научиме дека со денешните генерации ученици треба да воспоставиме поинаков контакт, отколку кога ние бевме ученици. Овие ученици се постојано на социјалните мрежи и доколку ние не владееме со нивниот простор,тешко дека же може да дадеме правилен совет, вели Димоски.

Даниела Иваноска, родител од Прилеп вели дека сите вложуваме енергија и љубов во успешно современо живеење.

-Ова е време на предизвици.Тоа значи дека треба да го најдеме јазикот на кој ќе водиме дијалог во името на создавањето на добро општество во кое професорите, учителите, наставниците се оние кои ги создаваат чинителите на општественото живеење. Верувам дека сите се трудиме и вложуваме енергија, љубов за да оствариме дијалог и да бидеме успешни во создавањето на нашето живеење, изјави Иваноска.