Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Македонија

Јаневска: Неформалното образование овозможува активација на невработените, следуваат обуки за побарувани занимања на пазарот на трудот

Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2025 година кој неодамна го промовираше Владата, предвидува и обуки за побарувани занимања што ќе ги спроведуваат обучувачи верифицирани од Центарот за образование на возрасните. Ќе бидат опфатени 600 невработени лица, а за мерката е обезбеден буџет од 70 милиони денари.

Денеска на трибина во Владата, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска сподели повеќе детали околу имплементацијата на оваа мерка, посочувајќи дека избраните невработени лица ќе посетуваат обука која ќе трае 3 месеци и ќе добиваат по 12 илјади денари месечно. Обучувачите пак, кои ќе бидат од листата на верифицирани спроведувачи на обуки ќе добиваат по 30 илјади денари од обучено лице.

„Во суштина оваа мерка е дел од неформалното образование базирано на концептот на доживотно учење, кое има сé поголема важност и отвара пат за секој еден човек, особено за повозрасните да можат да стекнат одредена вештина, да се надградат или преквалификуваат, за да можат потоа полесно да се снајдат на пазарот на трудот. За жал, населението ни старее и мораме да се фокусираме на сите, покрај учениците и студентите. Наталитетот е низок и имаме многу иселени во изминатиот период. Ќе споделам дека во 7 години на претходната Влада, имаме 17 илјади ученици и 7 илјади студенти помалку“, рече Јаневска.

Реклама

Посочи дека обуките се дел од системот на неформално образование, кое е базирано на концептот на доживотно учење, а тоа пак овозможува активација на невработените. Затоа и развојот на системот на неформално образование е еден од приоритетите на министерството. Како занимања во кои недостасува кадар ги посочи угостителството, градежништвото и производството.