Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Јаневска: На темелите што ги поставија браќата Кирил и Методиј, продолжува да се гради нашата литература и култура

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска упати честитка по повод Денот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска упати честитка по повод Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј во која порачува дека живо е словото и делото на браќата Кирил и Методиј, ги надминува вековите и границите и е инспирација за генерациите.

– На темелите што ги поставија продолжува да се гради нашата литература и култура. И сега не е ништо помала потребата за длабоко разбирање, мудрост или интелектуално будење на сите нас, нивните наследници. Денес, кога го славиме Денот на големите словенски браќа, со дигнитет се потсетуваме на нивното спротивставување на диктатот на тогашните моќни и на нивната борба да го просветлат својот народ, давајќи му писмо и знаења на разбирлив јазик. Ваква духовна мисија денес имаат сите наши учители – да им дадат на младите знаења, вештини и да ги оспособат за рамноправен натпревар во свет кој секојдневно се менува и развива, вели Јаневска во честитката.

Како Министерство за образование и наука, како што се посочува во честитката, наша задача е да им помогнеме на сегашните учители во нивната мисија.

Реклама

– И со посветеност тоа го правиме. Ова е време за образование кое младите ќе ги научи и обучи за новите предизвици, не заборавајќи ги вредностите на вековното наследство. Училиштата да бидат простор каде што коегзистираат науката, технологијата и се негува историската меморија. Честит нека е 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј, посочува Јаневска во честитката.