Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Јаневска и Јовчевска Михајловска ќе информираат за полагањето и резултатите од државната матура за јунскиот испитен рок

Министерката за образование Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за образование Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска Михајловска денеска ќе одржат прес – конференција во врска со полагањето и резултатите од државната матура во јунскиот испитен рок во учебната 2025-2026 година.

Повеќе од 14 500 матуранти беа пријавени за полагање на матурата и на 6 јуни го имаа првиот екстерен испит, кој е изборен за кандидатите. Задолжителниот екстерен испит (мајчин јазик и литература) матурантите го полагаа на 11 односно на 12 јуни. Во согласност со измените на Законот за средното образование, оваа година првпат се полагаат три типа матурски испит според видот на образование – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура.

Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), кој го организира и спроведува матурскиот испит, од вкупно пријавени 14 587 ученици за полагање на матурата, 12 184 биле пријавиле да полагаат државна матура, 2276 ученици за државна стручна матура и 127 за државна уметничка матура. 

Реклама

Министерката за образование кон средината на јуни изјави дека матурата оваа година е спроведена во најдобар ред, со значително намален број на случаи на препишување.

Јаневска тогаш оцени дека организацијата на полагањето била на високо ниво, при што повеќето од учениците испитите ги полагале совесно и без злоупотреби.

-Можеме да се пофалиме дека оваа година државната матура помина во најдобар ред и мир, организирана така како што треба, во најголем дел во големи простори, каде што учениците немаа можност да прибегнат кон нелегални дејства – рече Јаневска.

Таа посочи дека бројот на ученици што биле отстранети од испитите поради препишување е значително намален во споредба со претходните години.

-Од двата испитни термина отстранети се шеесетина ученици, што покажува дека има одличен напредок во спроведувањето на матурата – нагласи министерката и додаде дека станува збор за ученици што биле фатени при препишување и веднаш биле исклучени од полагањето.

Јаневска тогаш информира дека овие ученици ќе имаат можност повторно да полагаат во следниот испитен рок, односно во август.