Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Македонија

Јанчев: Кавадарци оди кон повисоко ниво, изградивме 5 нови спортски сали, а ски-центарот Михајлово е од клучно значење за  спорт и рекреација на жителите 

На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ свое…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ свое обраќање  на панел дискусијата со градоначалниците имаше Митко Јанчев градоначалник на општина Кавадарци, кој истакна дека Кавадарци е општина која е урбана зелена и безбедна, воедно дека е обезбеден бесплатен оброк за секое дете од прво до петто одделение, со организирани средни училишта, обезбеден  јавен превоз и паркинг, како и дека се вложува во зеленилото, со што од депониите се направени нови паркови, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Успеавме општината да ја доближиме до самите граѓани, Кавадарци стана урбан град, зелен град, безбеден град каде што младите имаат што да творат, успеавме да немаме дете коешто чека за во градинка, капацитетот ни е над 1500 дечиња во градинка од само 500 претходно, во основните училишта имаме бесплатен оброк од прво до петто одделение, средни училишта прекрасни, организиран јавен превоз, организирано паркиралиште, комплетен град. Во делот на зеленилото имаме подигнато над 200 илјади метри квадратни ново зеленило, нови 2 паркови кои од депонии се направени  нови паркови, автоматско наводнување и можам да кажам дека јавните претпријатија се слуги на граѓаните, достапни до самите граѓани“, вели Јанчев.

Јанчев истакна дека се вложува во спортската инфраструктура со нови спортски сали, притоа потенцирајќи го ски-центарот Михајлово како проект од клучно значење за рекреација и спортување, притоа наведувајќи дека следат многу други капитални проекти.

Реклама

„Кавадарци расте на едно повисоко ниво, има 5 спортски сали изградено во последните 4 години, тоа дава за право нашите деца правилно се развиваат. Ски центарот „Михајлово“ кој се направи за 7 месеци , каде секој има достапност каде може секој да се рекреира и спортува, тука ни е отворен базен, затворен базен,  трговски центар  и морам да ги споменам и капиталните проекти кои се отпочнати и ќе следат, обиколницата на град Кавадарци, долгоочекуваниот проект граничниот премин Пулевац и со тоа Кавадарци ќе успее да има големо ниво на развој и економски и во делот на туризмот“, рече Јанчев.