Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Јакимовски од Карпош: „Наместо ветувања, покажувам резултати – граѓаните заслужуваат чесна и отворена кампања“

Во последните денови сме сведоци на уште еден обид на ВМРО-ДПМНЕ да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во последните денови сме сведоци на уште еден обид на ВМРО-ДПМНЕ да им продаде на граѓаните на Карпош мачка во вреќа. Наместо вистински соочувања и дебати со граѓаните, нивниот кандидат добил строга забрана да зборува. Не смее да се појави на трибини, не смее да одговара на прашања, не смее да зборува без дозвола.

Наместо идеи – снима клипчиња со проекти кои јас одамна ги имам реализирано. Наместо визија – повторување на туѓи ветувања, истакнува кандидатот за градоначалник на Општина Карпош од коалицијата „Искуство за успех“ Стевчо Јакимовски.

Ова не е фер кон граѓаните на Карпош, кои заслужуваат чесна, отворена и аргументирана кампања.
Карпош не е публика за туѓи сценарија и празни ветувања. Граѓаните сакаат луѓе што знаат што направиле, кога направиле и за кого работат.

Реклама

Јас не ветувам, јас покажувам.
Сè што сум кажал – сум реализирал.
Другите нека објаснат зошто кријат, кого претставуваат, и зошто се плашат од граѓаните.

Карпош не заслужува експерименти и неуспешни приправници во политика.
Карпош заслужува луѓе со резултати, искуство и почит кон граѓаните.

Да го одбраниме Карпош. Да го зачуваме достоинството!