Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Економија

Извршителите протестираат, канцелариите не работат, ама во јавноста не се појавија

И извршителите се незадоволни. Ако тарифникот стапи во сила, прекинуваме со работа.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И извршителите се незадоволни. Ако тарифникот стапи во сила, прекинуваме со работа. Извршителите денеска ставија клуч на врата на своите канцеларии, во знак на револт против новиот тарифник на Министерството за правда. Тој предвидува максималната награда за извршител да се намали од 1.000 на 300 евра.

Ако таа се усвои, се заканија дека ќе престанат со работа. Извршителите протестираат, ама во јавноста не се појавија. Образложението за еднодневниот протест е дека со намалувањето на тарифата, канцелариите се доведувале во ситуација да снемале пари.

Првиот човек на Комората на извршители Зоран Димов денеска за „Алфа“ не беше достапен за коментар, и остана глув на нашите повици.

Реклама

Се огласи и министерка за правда Рената Дескоска на својот Фејсбук профил. Потсетува дека е изменет Законот за извршување, и намалена е Тарифата на извршителите.

– Така, за извршување на платните налози за комунални дејности, трошоците на граѓаните се намалени најмалку 5 пати. Единаесет ставки од Тарифата на извршителите со новите измени се сега бесплатни, односно за нив извршителите немаат право да наплаќаат трошоци, пишува Дескоска.

Од граѓанската иницијатива „Стоп за извршителите“ кои секоја недела протестираат против нивното работење, бараат законски измени со кои ќе им се намалат правата, за кои сметаат дека законите ги штитат и им даваат преголеми права.

Новиот предлог-тарифник деновиве треба да се најде на владина седница. Покрај намалувањето на нивниот профит, од Министерството предлагаат и да се репрограмираат долговите на граѓаните кон извршителите и да им се отпишат каматите.

Податоците пак од Централниот регистар покажуваат дека извршителите само лани, оствариле добивки од над 100.000 евра. Околу 100 извршители во земјава имале приход од 12,5 милиони и ќар од 4,7 милиони евра.

Борис Грујоски