Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Извидничкиот одред ‘Еквинос’ во мисија да го обнови својот втор дом

„Потребни сте ни повеќе од кога било „ – под ова мото…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Потребни сте ни повеќе од кога било „ – под ова мото штипскиот извиднички одред „Еквинос”, ја започна својата донаторска кампања. Младите и амбициозни извидници, кои со години волонтерски се грижат за природата, но и учат за етичките и морални вредности, имат  потреба од 15.000 евра  за целосно да го реконструират и обноват просторот кој за нив претставува  втор дом. Собраните средства ќе бидат наменети за градежни зафати, набавка на матрејали и уредување, со цел просториите во кои се собираат младите волонтери бидат безбедни и функционални.

„Оваа кампања е креирана за собирање на 15.000евра, но ние би биле среќни и задоволни доколку се јават компании кои би донирале и градежни матрејали. Еве ова нека биде еден апел до сите заинтересирани фирми и индивидуални лица да помогнат и пружат своја поддршка и преку градежни матрејали„изјави Дарко Тошиќ, старешина на извидничкиот одред „Еквинос„ од Штип.

Со поддршка од штипската Локална самоуправа и Европската извидничка организација, младите извидници во текот на летото успеале сами да ја променат кровната конструкција и да ги заменат старите и дотраени врати и прозорци. Во моментот  одредот брои над стотина членови. Најмладиот има 6, а најстариот 86 години. За нив, овој објект кој  го нарекуваат „извидничко домче„ е место каде созреваат.

Реклама

 „ Топлината што сме ја чувствале порано ќе биде на едно многу поголемо ниво. Ќе се стават нови врати, прозорци, а сега од летотот имаме и нов кров. Мислам дека и повеќе време ќе поминуваме овде и со помалите и со постарите и многу повеќе ќе се зближиме и како одред ќе растеме многу повеќе„ изјави Мелани Панова, член на ИО„Еквинос„ од Штип.

Кампањата започна вчера, а линк за донациии е објавен на нивниот профил на социјалните мрежи. Додека ги соберат потребните средства, извидниците своите состаноци ги одржуваат каде можат. Велат, секоја донација без разлика дали е финансиска или во градежен матрејал  ќе помогне, нивниот извиднички дом да стане пристојно место каде младите ќе растат, учат и се градат во добри личности.