Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Свет

Израел ќе гради гигантски камп за 600.000 Палестинци: „Хуманитарниот град“ ќе се гради врз урнатините на градот Рафа

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац нареди да се изгради огромен камп…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац нареди да се изгради огромен камп за 600.000 раселени Палестинци во јужниот дел на Појасот Газа.

Тој додаде дека изградбата на кампот има за цел да ја ослаби власта на Хамас над населението во палестинската енклава. Предвидено е во кампот да бидат сместени стотици илјади Палестинци кои во моментот живеат во шатори во реонот на Ал Маваси.

Кац посочи дека кампот ќе биде изграден за време на 60-дневниот прекин на огнот, за што Израел и Хамас водат преговори. Исто така е предвидено со кампот да управуваат „меѓународни партнери“, а израелската армија да се грижи за безбедноста.

Реклама

Израелскиот министер за одбрана посочи и дека се изготвуваат планови за изградба на „хуманитарен град“ врз урнатините на градот Рафа, кој е во голема мера уништен во војната.

Во Појасот Газа живеат помалку од 2 милиона луѓе, а поголемиот број од нив се раселени за време на конфликтот. Ниту една земја во светот не изрази подготвеност да прифати Палестинци од Појасот Газа.