Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Прилози

Израел и Хамас постигаат договор за прекин на огнот во Газа

Радост и песни на улиците во Газа, народот излезе со аплаузи и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Радост и песни на улиците во Газа, народот излезе со аплаузи и свирки поради  прекинот на огнот помеѓу Израел и Палестина. Постигнат е  договор за првата фаза од мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп, по крвавата и сурова војна што траеше две години.

„Ова се историски моменти за граќаните на Палестина, кои две години беа  изложени на убивање и геноцид. Радоста што ја видовме на улиците во Газа е резултат на големиот притисок што беше извршен палестионскиот народ, преку големи масакри, убиства и геноцид. “

„Фала му на Бога за прекинот на огнот, крвопролевањето и убивањето. Не сум само јас среќен, туку и целиот појас Газа и сиот арапски народ е среќен како и целиот свет. Благодарам на сета поддршка и љубов на оние кои застанаа позади нас.– изјавија Палестинските граѓани.

Реклама

Претседателот Трамп објави дека очекува заложниците што ги држи Хамас да бидат ослободени наскоро.

„Со гордост можам да објавам дека и девете страни – Израел и Хамас, веќе ја потпишаа првата фаза од нашиот мировен план…Нека бидат благословени МИРОВНИЦИТЕ.“- изјави Доналд Трамп.

Примирјето стапи во сила веднаш, а најкасно до понеделник се очекува сите заложници на Хамас и телата на загинатите да бидат предадени на семејствата.  Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека е ова голем ден за Израел благодарение на сојузникот, американскиот претседател Трамп.

„Преку Цврстата решителност, моќната воена акција и силните напори на пријателот и сојузник  претседателот Трамп, стигнавме до пресвртница.“- изјави Бенјамин Нетанјаху.

Светските организации го поздравија мировниот договор за Газа и ветија понатамошна поддршка.

„ОН ќе ја поддржи целосната имплементација на договорот и ќе ја зголеми испораката на договорената хуманитарна помош и ќе пристапиме кон обновата и реконструкцијата на Газа.“- изјави Антони Гутереш, генералниот секретар на Обединетите нации.

„Сега, сите страни мора да се придржуваат до условите од договорот. Сите заложници да бидат ослободени. Мора да биде воспоставен целосен прекин на огнот. Страдањето, мора да запре.“- изјави претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен.

Трамп предупреди дека доколку Хамас не го почитува договорот, Израел ќе има целосна поддршка од САД во спроведувањето на своите воени планови во Газа. Израелските одбранбени сили велат дека во  северна Газа е сè уште активна борбена зона и ги предупредуваат жителите да не се враќаат.