Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Изработени 53 поводници за прошетки на кучиња во „Лајка“

Јавното претпријатие „Лајка“ – Скопје, „Европска куќа“ и Алпинистички клуб – Скопје…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавното претпријатие „Лајка“ – Скопје, „Европска куќа“ и Алпинистички клуб – Скопје успешно ја реализираа креативната „upcycling работилница“ на Средно Водно, каде старите алпинистички јажиња добија нов живот како издржливи поводници за кучињата згрижени во прифатилиштето, соопштија попладнево од јавното претпријатие.

– На работилницата учествуваа голем број граѓани кои преку својата креативност и ангажман придонесоа за изработка на 53 поводници, што ќе се користат во секојдневната грижа, прошетките и вдомувањето на кучињата во ЈП „Лајка“. Настанот претставуваше одличен пример како преку принципите на циркуларната економија може истовремено да се намали отпадот и да се создаде конкретна корист за заедницата и благосостојбата на животните. Алпинистичките јажиња, што повеќе не се безбедни за нивната првична намена – наместо да завршат како отпад, беа претворени во квалитетни и функционални поводници – се додава во соопштението.

Јавното претпријатие се заблагодари до сите кои учествувале и со труд и ентузијазам придонеле оваа иницијатива успешно да се реализира.

Реклама

– Оваа активност уште еднаш покажа дека преку партнерства, волонтерство и заедничка работа, можат да се создадат одржливи решенија што имаат вистинско влијание врз локалната заедница и животните за кои се грижиме. ЈП „Лајка“ останува посветена на развојот на вакви иницијативи и продолжување на соработката со организации и институции што ја препознаваат важноста на одговорното управување со ресурсите и грижата за животните – се потенцира во соопштението.