Реклама

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Македонија

Измените на Законот за платежни услуги и платни системи го поминаа првиот собраниски филтер

Собраниската комисија за финансирање и буџет на денешната седница констатира дека Предлог-законот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската комисија за финансирање и буџет на денешната седница констатира дека Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за платежни услуги и платни системи е прифатлив и треба да се даде на натамошно, второ читање.

Со предложените измени, како што објасни заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски, се предвидува допрецизирање на дел од одредбите од постојниот Закон за пристапување на земјава во Единствената област за плаќањa во евра (СЕПА). Законот во голема мера е усогласен со оној во ЕУ, но Европската комисија констатирала одредени регулаторни недостатоци кои треба да се доуредат. Сепак, се очекува, рече Јанкуловски пред Комисијата, Македонија да се приклучи кон СЕПА најдоцна до март 2025 година.

Можноста земјите кои не се членки на ЕУ и еврозоната да имаат право да се вклучат во СЕПА постои од 2020 година, но основниот услов е нивната правна рамка што ги регулира плаќањата да биде хармонизирана со европското законодавство од оваа област.

Реклама

-Европската комисија укажа на измените на Директивата за платежни услуги ПСД 2 кои беа усвоени по донесувањето на Законот за платежни услуги и платни системи. На ниво на Унијата во март 2024-та беше усвоена регулативата за инстант кредитните трансфери во евра со која се менува Директивата за платежни услуги и платни системи, но и се пропишуваат услови кои платежните и институциите за електронски пари треба да ги исполнат за да им се овозможи пристап до платните системи. Оттука, со измените предлагаме дополнување на постојниот Закон со нов член кој дефинира услови за пристап до определени платни системи. Со измените се пролонгира и рокот за воспоставување на единствениот регистар на сметки (ЕРС) најдоцна до 1 јуни 2025 година, истакна заменик-министерот.

Комисијата оцени дека се прифатливи и дека треба да се дадат на натамошно, второ читање и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за девизното работење, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за банките, како и Предлог-законот за изменување на Законот за финансиската инспекција во јавниот сектор.

(МИА)