Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Измените на Законот за јавни набавки на дневен ред на 129. седница, поднесени 2.158 амандмани

Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, за кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, за кој претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одлучи да не го потпише указот за прогласување, денеска повторно се разгледува во Собранието, во рамки на 129. пленарна седница.

За законските измени се поднесени вкупно 2.158 амандмани. Владејачкото мнозинство поднело амандман со кој се бара бришење на спорниот член 13, согласно укажувањата на претседателката, додека најголемиот дел од останатите амандмани се поднесени од СДСМ.

Сиљановска-Давкова на 4 ноември испрати допис до Собранието, во кој информираше дека, по внимателна анализа и консултации со експерти, согласно член 75 став 3 од Уставот, одлучила да не го потпише указот за прогласување на законските измени, усвоени на собраниската седница на 26 октомври 2026 година.

Реклама

Како клучна причина за ваквата одлука го посочи членот 13 од законските измени, со кој се менува начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки.

– Сметам дека новото законско решение, во, за мене, спорната одредба од членот 13 од Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, отвора сериозни дилеми за владеење на правото. Имено, ставот 4 на членот 132 од Законот за јавни набавки, којшто гласеше: „Претседателот и членовите на Државната комисија се именуваат за период од 5 години, со право на уште еден избор“, со членот 13 од Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, се смени и гласи: „Претседателот и членовите на Државната комисија се именуваат за период од 5 години, со право на повторно именување“. Формулацијата „со право на повторно именување“, за разлика од формулацијата „со право на уште еден избор“, којашто јасно воспоставува лимит од 10 години, е случајно или намерно правно непрецизна и нејасна и остава простор за арбитрерна интерпретација, во смисла на неограничен реизбор. Во духот на мислењата и препораките на Венецијанската комисија, укажувам дека ако можноста за еден резибор, во смисла на 5+ 5 години членство во Комисијата за набавки, овозможуваше голема моќ и влијание, тогаш легализацијата на неограничениот број мандати се заканува со концентрација на апосолутна моќ во неколкумина во одлучувањето за трошење на огромни износи државни пари – напиша претседателката Сиљановска Давкова. 

Потсети и дека работата на ова тело низ претходните децении била обележана со низа проблеми, сомнежи, обвинувања и дилеми за (не)пристрасно, (не)одговорно и (не)законско работење.

– Во оваа смисла, би разбрала решение за ограничување на членството во Комисијата за набавки на еден мандат, односно на пет години, но имам низа дилеми за оправданоста на законската можност за неограничен број мандати.
Молам, од демократски причини, Собранието, при повторното разгледување на членот 13 од Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки да се обиде да ги разбере причините за моето вето, водејќи се од начелото на владеење на правото – посочи претседателката.

Согласно членот 183 од Деловникот за работа на Собранието, ако претседателот на Републиката одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот, Собранието повторно го разгледува законот во фаза на трето читање, во рок од 30 дена од денот на донесувањето на законот. По повторното разгледување на законот, амандмани можат да се поднесуваат само во врска со укажувањето на претседателот. Рокот за поднесување амандамни за измените заврши во петокот, на 6 ноември.

На дневен ред на денешната 129. седница се и Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година, измените на Законот за извршување на Буџетот, како и Предлог-законот за ратификација на договорот со Албанија за воспоставување заеднички гранични премини и спроведување заеднички гранични контроли.

Пратениците ќе расправаат и за предложените измени на законите за здравствено осигурување, за Кривичниот законик, за задолжително и доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, за Фондот за осигурување на депозити, за земјоделство и рурален развој, како и за семејството и семејната и станбената поддршка.