Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Измами или обнова – Mицкоски и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ подготвени за изборите на 15 јули

Да одбереме напредок наместо измами, ова денеска го истакна лидерот на ВМРО-…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да одбереме напредок наместо измами, ова денеска го истакна лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој ден откако се договори датумот за избори, со коалиционите партии одржа средба за утврдување на позициите со кои под слоганот Обнова на Македонија ќе трчаат на предвремените парламентарни избори на 15ти јули.

Лидерот на партијата, Мицкоски по средбата истакна дека тие како коалиција нудат многу проекти кои се веќе во нивната изборна програма, нудат решенија, додека СДСМ речиси ништо од ветеното не исполниле.

Вели убедени се во победата по 15 јули, но тоа не е причина за опуштање, оти според Мицкоски ги чека многу работа.

Реклама

После 15-ти јули не чека многу работа. Затоа што нашиот проект е обнова која ќе донесе силна економија, повисоки плати за 25% или за најмалку 6.500 денари повеќе од сега. Повисоки пензии од 20-тина проценти во еден мандат или повеќе од 3.000 денари за секој пензионер, невработеност под 10%, намалување на даноците, рамен данок од 8%, 4 милијарди евра домашни и странски инвестиции за 4 години.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните да излезат на гласање.

Многу е важно да има голема излезеност, и што повеќе граѓани да се охрабрат да гласаат. Затоа што од нивниот глас зависи судбината на државата и таа е во нивни раце. Тие одлучуваат дали ќе ја променат грдата реалност кон подобро или ќе биде полошо. Изборот е јасен. Изборот е помеѓу кризи кои ги прави власта или обнова која ја нудиме ние. Помеѓу измами и напредок, помеѓу ова раководство на СДСМ и Зоран Заев или Македонија.

Коалицијата за Обнова на Македонија покрај ВМРО-ДПМНЕ ја сочинуваат уште 15 политички партии и 3 групи на избирачи.

Meри Ѓорѓиевска