Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Изложба на фотографии и проекција на документарец во Сули ан во рамките на проектот „Старата скопска чаршија: визии за иднината”

Изложба на фотографии и проекција на документарен филм реализирани во рамките на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изложба на фотографии и проекција на документарен филм реализирани во рамките на француско-германскиот проект „Старата скопска чаршија: визии за иднината“ ќе бидат претставени вечерва во галеријата на Факултетот за ликовни уметности во Сули ан во Скопје.

Настанот ќе го отворат амбасадорите на Франција и на Германија, Кристоф Ле Риголер и Петра Дрекслер. 

Францускиот институт во Скопје во соработка со Гете-институтот и со поддршка на Универзаланата сала ја организира оваа изложба на фотографии реализирани од студентите што учествувале во работилницата со реномираниот германски фотограф Хајнрих Холтгреве, а повод е одбележувањето на Елисејскиот договор.

Реклама

– Фотографиите претставуваат спој на старите и новите градби, обичаи и начини на живеење во Старата скопска чаршија, откривајќи ги нејзините мултикултурни аспекти, лица, споменици и сокаци – се наведува во соопштението.

Во рамките на настанот ќе биде прикажан краткиот документарен филм на француската режисерка Леонор Мерсие и студентите од Факултетот за драмски уметности, кој ги истражува културните белези и меѓукултурниот и меѓугенерациски дијалог во стариот град.

– Филмот прикажува сцени од дневниот живот во Старата скопска чаршија – амбиентот во кафулињата, ресторани, продавници, зелениот пазар, како и културниот живот на овој историски локалитет – соопштија од Францускиот институт во Скопје.

Според Францускиот институт, проектот имаше цел да ја стимулира креативноста кај младите, да го промовира историското наследство на Скопската чаршија и да понуди креативни решенија за зачувување на културното наследство во иднина.

– Проектот ја нагласи важноста на меѓународната соработка за зачувување и валоризација на ова заедничко наследство. Во рамките на проектот беа реализирани пет работилници – видео, фотографија, историја, книжевност и архитектура – во кои учествуваа повеќе од 25 студенти од разни факултети во Скопје работејќи со реномирани меѓународни и домашни артисти, режисери и професори – се наведува за документарецот и за изложбата, чие свечено отворање ќе се одржи вечер во 19 часот. 

 Во рамките на настанот ќе им бидат доделени благодарници на сите учесници на проектот.