Реклама

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија

Излезеност од 9,38 проценти на изборите до 11:15 часот

Излезеноста на локалните избори до 11:15 часот е 9,38 проценти, објави Државната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Излезеноста на локалните избори до 11:15 часот е 9,38 проценти, објави Државната изборна комисија (ДИК). До 11:15 часот пристигнати се податоци од 3.139 избирачки места  на кои од вкупно запишани 1 645 583, гласале 154 275 граѓани, односно  9,38 проценти, рече на прес-конференција портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска.

Како што посочи, до ДИК досега нема информации од избирачките одбори за евентуални проблеми или непријатности. 

Според податоците на ДИК,  општини со најголема излезеност се Чашка 22,60 проценти, Новаци 19,3, Пробиштип, 17,64, Крушево 16,97, Крива Паланка 16, 85, Кратово 16,16, Вевчани 16,02, Дебрца 15,76, Градско 15, 27,  Ранковци, 15,5, Демир Капија, 15, Богданци, 14,55, Берово 13,51, Гевгелија, 12,81, Виница, 10,76, Бутел 10 проценти.

Реклама

Со најмала излезеност се општините Врапчиште, 2,54 проценти, Сопиште, 3,93 проценти, Боговиње, 4,48 проценти и Центар Жупа, 4,89 проценти. 

Изборите ги набљудуваат 1484 набљудувачи од кои 800 домашни 645 меѓународни и14 странски новинари. Претходно ДИК информираше дека на две избирачки места (едното во Куманово и другото во Штип) поради технички причини гласањето се одвива без биометриска идентификација, туку со УВ спреј и УВ ламба.

На денешните избори се гласа на 3 474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1 832 415 граѓани. Државната изборна комисија ќе има прес-конференции на секои два часа, а првичните неофицијални резултати се очекуваат околу полноќ.  

На локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.