Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Изградба на градинка со капацитет за 40 деца во Могила и индустриска развојна зона во Новаци

На денешниот Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ се обрати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешниот Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ се обрати градоначалникот на општина Могила, Драганчо Саботковски кој истакна неколку значајни капитални проекти, од кои ја потенцираше изградбата на градинка со сместувачки капацитет за 40 дечиња, како и асфалтирањето на 30-тина улици. Свое обраќање имаше и градоначалникот на општина Новаци, Стевче Стевановски кој ја истакна изградбата на три главни улици и канализационата мрежа со пречистителна станица, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Еден од поголемите капитални проекти кои се градат во Могила е градинката која е за 40 дечиња, еден од најзначајните проекти за нашата општина во последните 30 години, препотребен беше овој проект бидејќи имаме доста млади и секое барање од родителите беше за сместувачки капацитет во соседниот град Битола, сега ќе имаме можност да ги сместиме нашите дечиња во општина Могила. Исто така имаме 30-тина улици кои во моментот се градат, тоа е еден инфраструктурен бум, 7 улици се веќе асфалтирани, 30 веќе се спремаат за асфалтирања, тоа е во вредност од 2 милиони евра тоа е поголем инфраструктурен зафат. Еден од побитните работи е и канализацијата, се обезбедени 495 илјади евра за целосна изградба на канализациона мрежа во с. Ивањевци, така да во краток период ќе имаме две комплетни канализации“, рече Саботковски.

Градоначалникот Стеваноски ја истакна изградбата на три главни улици за поврзување со новата индустриска зона во Новаци и канализационата мрежа со пречистителна станица.

Реклама

„Максимални напори вложивме во почеток на изградба на индустриската развојна зона во Новаци којашто ќе биде на површина од 20 хектари, дојдовме до реализација на еден од најголемите проекти во историјата на општина Новаци тоа е изградбата на трите главни сообраќајници коишто ќе ја поврзат новата индустриска зона, чијашто вредност изнесуваше повеќе од 60 милиони денари, улици кои ги исполнуваат сите стандарди. За скоро време ќе ги удриме темелите на новите фабрики кои ќе никнат во општина Новаци“, вели Стевановски.