Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Изборите во Бугарија носат промени во Софија, но исти ставови во однос на ветото кон Mакедонија

Џабе се крстиме на новите избори во Бугарија, кој и да победи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Џабе се крстиме на новите избори во Бугарија, кој и да победи нема да се смени бугарската перцепција за ветото кон Македонија, сметаат дел од аналитичарите за Алфа. Поранешниот македонски амбасадор во Софија, Ѓорчев, вели доколку Бугарија и Македонија самостојно ги водат преговорите, нема никава шанса, бугарската страна да попушти и да го добиеме датумот за почеток на преговорите.

Taa нова политичка влада доколку се конституира и дејствува самостојно без европски и НАТО притисок нема ни за милиметар да остапи од својата бугарска геополитика и ставовите на бугарската наука кон Македонија. Бугарското општество не е се уште во состојба ,за жал , да ги надмине историските парадигми и небулози од таканареченото за нив македоснко прашање, за чие што решавање според бугарската политика единствено е одговорна Република Бугарија… вели за Алфа, Марјан Ѓорчев – поранешен македонски амбасадор во Бугарија

Слично мислење со Ѓорчев, дели и екс амбасадорот во Лондон, Донев кој вели дека оваа Влада е подготвена да го даде она што го бара источниот сосед од нас, а сега само се работи на формулациите на вордингот за да се претстави дека Македонија иако дала тоа што го барале од Бугарија, сепак добила нешто, слично како со Преспанскиот договор, вели Донев.

Реклама

Она што се случува во моментов, или она што препоставувам дека се случува е дека се бара само компромисно решение за да може македонската страна дека исбоксувала нешто добро за Македонија. Она што се случувало на 17 јуни и средбите за кои имаше контрадикторни информации и средбите за кои нема информации, а се одржаа во Анталија меѓу нашиот министер за надворешни работи и бугарскиот колега, јасно покажува дека сега се работи на вордингот. Да се задоволат бугарските барања, а тоа нас да ни се претстави како победа, вели за Алфа, Јован Донев – поранешен македонски амбасадор во В.Британија

Иако аналитичарите и голем дел од познавачите на дипломатијата, веќе долго време кажуваат дека македонската влада не треба да го бара спасот во новата владата која би се одбрала денеска во Бугарија, оти ставот на источниот сосед е и повеќе од јасен , сепак премиерот Заев, е оптимист, вели дека очекува новата буагрска влада да даде позитивна одлука за Македонија во декември.

Мери Ѓорѓиевска