Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Економија

Ивановски: Пругата Скопје-Кичево ќе се електрифицира со што ќе се намали загадувањето

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“ се обрати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“ се обрати директорот на Железници инфраструктура, Синиша Ивановски. Ивановски објасни дека пругата Скопје-Кичево ќе биде реконструирана со фокус на животната средина и на екологијата така што ќе биде целосно електрифицирана со што загадувањето ќе биде значајно намален, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во овој момент постоечка железница постои кон Скопје преку Тетово-Гостивар до Кичево меѓутоа години наназад не е во функција, оваа делница ќе биде целосно реконструирана и притоа мислејќи на животна средина, на екологијата ќе биде целосно електрифицирана со тоа што загадувањето ќе го намалиме премногу“, рече Ивановски.

Ивановски потенцираше дека за година дена до две ќе има зрел проект со цел државата да може да тендерира и да отпочне целосна реконструкција од Скопје завршувајќи до Кичево со што рокот за завршување би бил во периодот од 2031-2032 година.

Реклама

„Рокот за завршување на целата работа би бил некаде 2031-2032 поради тоа што градење на пруги е доста комплексна работа, не е само желба да се гради, меѓутоа има многу студии коишто претходно мора да биде изработени, да бидат направени, да се запази екологијата да се запази исплатливоста, да се одреди самата траса каде ќе се случува, тоа во соработка со европските банки се случува овој период со надеж дека некаде помеѓу година и пол две ќе имаме зрел проект и државата ќе може да тендерира и да почне целосна реконструкција од Скопје кон Гостивар-Тетово завршувајќи до Кичево“, истакна Ивановски.