Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Ивановски: Од кога ја презедов Финансиска полиција, до денеска се поднесени 29 кривични пријави кои вклучуваат штета од 852 милиони денари на буџетот

Од моето преземање на Управата за финансиска полиција, до денеска се поднесени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од моето преземање на Управата за финансиска полиција, до денеска се поднесени 29 кривични пријави кои во себе вклучуваат штета од 852 милиона денари на буџетот, изјави Слободан Ивановски, директор на Финансиската полиција, во интервју за национална телевизија.

„Ова значи квалитативно работење. Сакам да кажам дека и во иднина, без разлика за која институција, за кој функционер станува збор, Управата за финансиска полиција ќе постапува и ќе го сработи секој предмет темелно“, рече Ивановски.

Го посочи случајот со РЕК Битола.

Реклама

„Имаме штета од околу 178 милиони денари, исто и ова со ХЕЈ имаме штета од 24 милиони денари. Значи сумите секогаш ќе нè водат нас во делот на тоа да дадеме акцент и приоритет на тие случаи. Невозможно е сите случаи да се изработат во еден момент, да се истражат, но, сепак, врз основа на нашата функција која што значи откривање, истражување и пријавување на кривични дела, мораме да дадеме приоритет на поголемите износи, на поголемите штети на буџет. Истовремено, таа штета да ја обезбедиме преку мерки за обезбедување на имотот“, вели Ивановски.

Ивановски нагласи дека Финансиската полиција е надлежна на кривичните дела „Перење пари“, „Недозволена трговија“, „Криумчарење“, „Даночно затајување“ и, како што посочи, „други кривични дела кои што во себе вклучувааат значителна противправна имотна корист“.

„Значителна значи 50 просечни плати. Тоа е некоја сума о два милиона денари минумум, па нагоре“, истакна Ивановски.