Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Ивановска: Претседателката на ДКСК мора да поднесе оставка за да ја ослободи институцијата од скандалот

„Ние веќе работевме на зголемување на интегритетот на оваа институција. Имаме регистар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Ние веќе работевме на зголемување на интегритетот на оваа институција. Имаме регистар на ризици од корупција и мерки за нивно надминување. Сега тоа треба да се преиспита, да се утврдат високите ризици, какви контроли треба да се воведат и слично“, изјави Билјана Ивановска.

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска, повика актуелната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска, да поднесе оставка најитно, истакнувајќи дека на тој начин ќе се ослободи институцијата од влијанието на актуелниот скандал. Ивановска додаде дека само така ќе се овозможи институцијата да продолжи со процесот на прочистување.

Ивановска го истакна ова на денешната сесија на Националната конвенција за ЕУ во Република Северна Македонија, која беше посветена на борбата против корупцијата.

Реклама

На новинарско прашање во врска со случајот на Татјана Димитровска, која минатата недела беше ставена на листата осомничени во случајот „Адитив“ поради оддавање службени тајни, Ивановска нагласи дека ваквиот потег претставува сериозен удар на општеството, граѓаните и самата институција, додавајќи дека моментално не е време за пасивност и чекање.

Законодавниот дом треба да преземе мерки

Според Ивановска, сега е време Собранието да преземе соодветни механизми и да бара решение за оваа ситуација. Таа истакна дека мора да се преиспитаат и внатрешните процедури на самата институција, како и да се направи проценка на ризиците од корупција и како тие да се надминат.

„Ние веќе работевме во насока на зголемување на интегритетот на институцијата. Имаме регистар на ризици од корупција и мерки за нивно надминување. Тоа сега треба да се преиспита, да се утврдат високите ризици и какви контроли треба да се постават за да се спречат потенцијални злоупотреби“, додаде Ивановска.

Георгиев: Довербата во ДКСК е на граница

Поранешниот член на ДКСК, Владимир Георгиев, истакна дека секој член на институцијата треба да ја носи индивидуалната одговорност, но дека тоа влијае на целиот углед на ДКСК и довербата на јавноста. Според него, сега е многу тешко да се врати довербата на јавноста, особено поради вмешаноста на претседателката на ДКСК во скандалот.

„Тешко е да се стекне доверба преку работа, непристрасност и посветеност, но многу лесно може да се изгуби таа доверба. ДКСК е веќе на граница на својата доверба во јавноста и треба многу дополнителни напори за да ја врати“, заклучи Георгиев.