Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Свет

Италија се справува со најголемата епидемија на коронавирус надвор од Азија

Празни улици, затворени училишта, маркети без залихи. Ваква е моменталната слика во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Празни улици, затворени училишта, маркети без залихи. Ваква е моменталната слика во северна Италија каде бројот на починати од коронавирус постојано расте.

Македонската активистка Илона Захариева од Канели ексклузивно за Алфа ја опиша моменталната состојба. Вели дека владее паника во земјата, 11 градови се под карантин, а војската спречува влез и излез од критичниот реон.

„Апел од властите е да не се крева паника, но мерките кои се строги креваат паника кај луѓето, овде луѓето многу се движат, а со тоа можноста да се прошири вирусот е голема“, изјави Илона Захариева.

Реклама

По првиот регистриран случај со корона вирус беа откажани Венецискиот карневал, Модната недела во Милано, како и повеќе фудбалски натпревари на италијанските прволигаши.

Дека вирусот се приближува кон Македонија покажува и првиот регистриран сомнителен случај на корона во Косово. Хрватите будно ја следат ситуацијата со вирусот, а гимназијалците кои биле на екскурзија во Италија се ставени во куќен карантин.

За разлика од Италија каде тревогата е максимална, белгиските власти сметаат дека не се потребни нови мерки во однос на епидемијата.

Затоа пак Словенечките власти го свикаа Советот за национална безбедност, и покрај тоа што таму се уште нема потврден случај на заболено лице. Последните информации од жариштето на вирусот -Кина се дека повеќе од 3.000 здравствени работници се заразени.

Во светски рамки од корона вирусот починаа 2.465 луѓе, додека 79.930 се заразени.

Симона Србиноска