Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Економија

Скопскиот аеродром меѓу најбрзорастечките во Европа, минатиот месец бележи раст на патничкиот сообраќај од 34,8 отсто

Македонија се најде меѓу европските пазари со најголем раст на патничкиот воздушен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија се најде меѓу европските пазари со најголем раст на патничкиот воздушен сообраќај во август оваа година, според извештајот на Европското здружение на аеродроми ACI EUROPE, објавен денеска за воздушниот сообраќај за август 2026 година споредено со истиот месец лани, заедно со анализа на движењата во сообраќајот во двата најфреквентни месеци од летната сезона. 

Скопскиот аеродром во август оваа година бележи раст на патничкиот сообраќај од 34,8 отсто, во споредба со август 2025 година, со што е еден од најбрзорастечките средни аеродроми во Европа (Medium airports, од 1 до 10 милиони патници годишно). Во оваа категорија Скопје е на петтото место по раст, зад Братислава (+75,9 отсто), Трапани (+52,3 отсто), Подгорица (+47,6 отсто) и пред Палермо (+32,3 отсто).

Земјава, според извештајот, е меѓу пазарите надвор од Европската Унија со највисок раст во август.

Реклама

Аеродромите на пазарот надвор од ЕУ+, , се вели во извештајот, исто така забележале значителни разлики во движењето на патничкиот сообраќај, што ја одразува различната изложеност на геополитичките случувања, како и посилниот раст на основната побарувачка на помалку развиените авијациски пазари.

-Аеродромите во Македонија (+34,8 отсто), Црна Гора (+28,6 отсто), Албанија (+20,7 отсто), Израел (+19,5 отсто), Ерменија (+14,2 отсто), Молдавија (+12,6 отсто) и Узбекистан (+10,5 отсто) забележале двоцифрен раст – се наведува во извештајот.

Турција, која е најголемиот пазар во оваа група, го задржала позитивниот тренд со раст од 4,4 отсто.

Во август 2026 година, најголем раст на патничкиот сообраќај на аеродромите во рамки на пазарот на ЕУ+ е регистриран во Словачка (+61 отсто), Словенија (+19,3 отсто), Естонија (+16,4 отсто), Унгарија (+13 отсто) и Малта (+12,3 отсто). На спротивниот крај од спектарот, најслаби резултати забележале аеродромите во Исланд (-9,3 отсто), Австрија (-6 отсто), Франција (-1,7 отсто), Кипар (-1,59 отсто), Норвешка (-0,3 отсто) и Германија (-0,2 отсто).

Меѓу најголемите пазари во ЕУ+, најдинамичен патнички сообраќај е забележан во Италија (+5,2 отсто) и Шпанија (+4,7 отсто), каде што значаен фактор е туристичката побарувачка. Обединетото Кралство (+0,9 отсто), заедно со Франција и Германија, забележало раст под европскиот просек.

Патничкиот сообраќај, на ниво на Европа е зголемен за 3,9 отсто во јули и за 3,1 отсто во август, забрзувајќи од растот од 1,3 отсто во вториот квартал – но и натаму постојат големи разлики меѓу националните пазари

Ова, како што се наведува во извештајот, претставува значително забрзување во однос на вториот квартал од 2026 година (+1,3 отсто), кога влијанието на војната на Блискиот Исток го ограничуваше растот.

-Аеродромите надвор од пазарот ЕУ+¹ забележале особено силен раст и во јули (+6,6 отсто) и во август (+6 отсто), додека растот на пазарот ЕУ+ бил поумерен (јули: +3,4 отсто; август: +2,5 отсто) – се додава во извештајот.