Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Битолската индустриска зона „Жабени“ дел од индустриските зони од Западен Балкан

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски попладнево во Будва, Црна Гора, потпиша Меморандум…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски попладнево во Будва, Црна Гора, потпиша Меморандум за разбирање помеѓу индустриските паркови/зони од регионот на Западен Балкан и Европската Унија.

Церемонијата на свечено потпишување се одржа во рамки на претседавањето на Црна Гора со Берлинскиот процес за 2026 година и го означува официјалниот почеток на партнерството меѓу индустриските паркови/зони од Западен Балкан и ЕУ, соопштија од Општина Битола.

Индустриската зона „Жабени“ од Битола е единствена од земјава којашто е потписник на овој Меморандум за соработка. Целта на ваквиот вид на партнерство е да се создадат можности за развој на соработка и деловно поврзување на индустриските зони од Западен Балкан со индустриски зони кои  се во земјите на ЕУ, како и да се поддржи трансферот на еколошки одржливи практики во нивното работење.

Реклама

-Иницијативата се спроведува во рамки на Берлинскиот процес и придонесува кон реализација на Акцискиот план за заедничкиот регионален пазар за периодот 2025–2028 година, кој беше усвоен од лидерите на земјите од Западен Балкан. На овој начин треба се зајакне регионалната економска интеграција, да се подобри конкурентноста и постепено да се усогласи регионот со правилата и стандардите на ЕУ, како чекор кон подлабока интеграција во единствениот пазар на Европската Унија, информира Општина Битола.