Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Работна средба за изготвување на Стратегијата за човечки ресурси на Јавното обвинителство 2026-2028

– Јавното обвинителство на Македонија преку проектот „Поддршка на ЕУ за владеење…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Јавното обвинителство на Македонија преку проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото” денеска организираше меѓуинституционална работна средба за подготовка на новата Стратегија за човечки ресурси на Јавното обвинителство за периодот 2026-2028 година.

Нацрт-стратегијата е подготвена од експерти ангажирани од Проектот, а на денешната дискусија имаа можност своите забелешки и коментари да ги дадат сите институции надлежни за процесите кои треба да овозможат нејзина успешна имплементација.

Јавниот обвинител на Македонија Ненад Савески изјави дека работната верзија идентификува повеќе предизвици со кои подолго време се соочува јавнообвинителската мрежа: недоволната кадровска екипираност, нерамномерната распределба на кадарот и работното оптоварување, старосната структура и очекуваните пензионирања, недостигот на стручен и специјализиран кадар, како и ограничените капацитети за современо управување со човечките ресурси.

Реклама

-Овие состојби не може да се надминат само со констатирање на бројот на пополнети и непополнети работни места. Потребно е кадровските потреби да се утврдуваат врз основа на релевантни и проверливи податоци: обемот и сложеноста на работата, законските надлежности, работните процеси, постојните капацитети, ризиците и проектираните идни потреби, изјави Савески. 

ЈОРСМ во соопштението посочува дека од почетокот на следната година започнува примената на новиот Закон за јавнообвинителската служба, а се очекуваат и дополнителни промени во нормативната рамка. Една од приоритетните обврски во периодот што следува и во согласност со Стратегијата, наведува државното Јавно обвинителство, е донесувањето на актот за внатрешна организација и актот за систематизација на работните места во Јавното обвинителство.

-Нашата цел не е само да усвоиме уште еден документ. Нашата цел е да воспоставиме одржлив систем што ќе обезбеди вистинските луѓе, со потребните знаења, вештини и интегритет, да бидат на вистинските работни места и да имаат услови професионално, независно и одговорно да ја извршуваат својата работа, додаде Савески.

Свои согледувања за текстот на Стратегијата на работната средба дадоа и претставниците на Советот на јавните обвинители, Академијата за судии и јавни обвинители, Здружението на јавните обвинители, јавнообвинителската служба, Државната комисија за спречување на корупцијата, како и на неколку министерства – за правда, за финансии, за јавна администрација и за односи меѓу заедниците. Нивните забелешки се нотирани и ќе бидат земени предвид при изготвувањето на финалниот текст на Стратегијата.

-Јакнењето на капацитетите на Јавното обвинителство, меѓу другото и во делот на човечките ресурси, е дел од обврските на нашата земја предвидени во Реформската агенда, а Стратегијата треба да овозможи ефикасно управување со кадарот во јавнообвинителската мрежа, соопшти Јавното обвинителство на Македонија.