Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Историско сведоштво на Ефтим Митревски за првите активности на македонското движење во Албанија

Весникот „Македониум“ продолжува со објави што сведочат за животот, истрајноста и историјата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Весникот „Македониум“ продолжува со објави што сведочат за животот, истрајноста и историјата на Македонците во Албанија.  
 
Последно ги пренесува спомените и сведоштвата на Ефтим Митревски, главен и одговорен уредник на весникот „Преспа“, за едни од најзначајните моменти во поновата историја на Македонците во Албанија – падот на комунистичкиот режим, појавата на политичкиот плурализам и почетоците на организираното македонско движење во 1991 година. 
 
„21 март 1991 година. Bо знак на потсетување на тој прв пролетен ден, на настаните што оставија белег во нашето македонско постоење во Албанија, должни сме да се потсетиме на македонските активности и да ги пренесеме на поколенијата, бидејќи без историја за нашето постоење не може да се гради иднина“, вели на почетокот Митревски. 
 
Додава дека искрата на надеж од политичкиот плурализам што започна во Албанија на почетокот на 1991 година допре до македонските студенти и активисти во Тирана: Методија Глафче, Проф. д-р Кимет Фетаху, Ѓорѓи Насто, Цветан Мазнику, Адријан Нестор, Скендер Алили, Мехмет Хоџа, Јане Нечовски, Цветан Каваја, Алил Сеитовски, Проф. д-р Вита Која, Есат Мусли, Лигор Никола, Изаир Фетаху. 
 
Според него, овие личности се првите иницијатори за формирање на македонски политички субјекти на Македонците во Албанија. 
 
-Први беа Македонците од Голо Брдо. Ја формираа политичката организација ДОМНЕА, Македонците од Гора, организацијата “Гора”, а Македонците од Преспа, општествено-политичката организација “Друштво Преспа”. Во тесна соработка со македонските активисти беше дипломатот Виктор Габер, прво како втор човек во југословенската Амбасада, а по распаѓањето на Југославија, прв амбасадор на Македонија во Албанија. Од големо значење е неговиот придонес во формирањето на македонските политички субјекти во Албанија. Учествуваше со логистичка поддршка и одржуваше тесни контакти со сите македонски активисти од Гора, Голо Брдо и Преспа, особено со активистите во Тирана и Елбасан, се сеќава Митревски. 
 
Оценува дека амбасадорот Габер во поновата историја на Македонците во Албанија се признава како прв претставник од матичната држава кој соработуваше со Македонците во Албанија. Покажуваше голем интерес во подготовката на потребните документи за регистрирање на организациите во Министерството за правда. 
 
-Теренските активности веќе беа почнати во сите македонски села. Се контактираше со Македонците во сите области во Албанија. Имаше голем интерес, кога и како ќе се отворат границите, затворени речиси 50 години, за да се видат со своите најблиски роднини и пријатели. Од големо значење беше и ќе остане во историјата на Македонците во Албанија неочекуваната посета на покојниот новинар Бранислав Димовски со екипа во селото Пустец. Не се знае дали оваа посета беше по службена или лична иницијатива. Ако беше лична, тој и неговата екипа заслужуваат голема почит. Екипата на Димовски по завршувањето на состанокот на заменик-министрите за надворешни работи, тргнала од Тирана и посетила едно од македонските подрачја во Албанија. Тоа е чин од големо значење за македонската кауза, вели тој. 
 
Посетата на амбасадорот Габер, заедно со претседателот на Друштвото на писателите од Македонија, Тодор Чаловски, како и Илинден Спасе, син на македонскиот писател Стерјо Спасе, исто така беше од големо значење. 
 
-Со престојот на новинарот Димовски во Пустец дополнително се подигна македонската свест, особено кај младите. Прашувајќи ги децата за кој фудбалски тим од Македонија навиваат, тие едногласно одговараа, Вардар. Димовски одблиску ја доживеа сиромаштијата што владееше во македонските семејства. Ќе остане запаметена една емотивна сцена кога една Македонка му рече дека има брат во Битола на улица “11 Октомври” број 43. Го замоли да му пренесе поздрав. Новинарот го посети братот и го пренесе поздравот јавно на телевизија. За нас тогаш тоа беше чудо, нагласува Митревски. 
 
Посочува, системот во Албанија се распаѓаше, а народот се радуваше на слободата. Македонците се радуваа на можноста конечно да ја видат својата матична држава. Покрај сиромаштијата, нешто светло блескаше во очите – Македонија. 
 
На тој пролетен ден, стотици Македонци се собраа на границата кај Саботина. По упорното барање, беше дозволено да влезат во забранетата зона и да стигнат до границата. Претставници од “Друштвото Преспа” учествуваа на меѓудржавниот југословенско-албански состанок. Ефтим Митревски, Васил Папа, Митре Кристо, Васил Дума и Јонче Малевски. Беше ветено дека ќе се отворат границите. Тоа се случи на Велигден 1991 година во селото Стење по речиси 50 години разделба. Река од луѓе дојде од цела Албанија. Неколку дена подоцна, на Ѓурѓовден, Македонците од Македонија ја посетија Преспа во Албанија. Тие историски средби никогаш нема да се заборават.

Искрата од Тирана се прошири во сите македонски села. Во Преспа особено активни беа Ѓорѓи Насто, Спасе Мазенковски, Ефтим Митревски, Адријан Нестор, Јане Нечовски, Ѓорѓи Кристо, Васил Јовани, Васил Папа, Васил Митре (Руши), Ѓорѓи Митре, Спасе Ивановски, Стефан Јоно, Никола Миле, Фоте Никола, Спиро Пандо, Ефтим Ќиска, Ванѓел Плоча, Ристо Гроздани, Васил Дума, Митре Кристо, Јане Малевски. Во 1991 година, голема поддршка даде и Крсте Граждани од селото Горна Горица. Помогна во реконструкција на училиштата и обезбедување учебници. Поддршка добивавме и од претседателот на Советот на локалната самоуправа, учителот Тодор Колефски.

 „Почитуван читателу, се обидов да се навратам речиси 35 години назад со намера да останат како спомен и сведоштво за македонските активности во Албанија. Има уште многу да се каже, но овој пат ќе застанеме тука. Не беше лесно, но сите бевме горди затоа што имавме слога и разбирање. Ако некој не е споменат, нека прости. Македонија е вечна – порачува на крајот Митревски. 
 
Тој подолг период беше одговорен за односи со јавноста во Општина Пустец, сега е пензионер и кустос во музејот „Стерјо Спасе“ во село Глобочани.

Реклама