Реклама
Прилози

„Истата капитулантска политика на Заев“: Антидржавните политики СДСМ и ДУИ ги „закопуваат“ евроинтеграциите на Македонија

Прво го закомплицираа, па сега СДСМ и ДУИ како да сакаат целосно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прво го закомплицираа, па сега СДСМ и ДУИ како да сакаат целосно да го блокираат стартот на преговори на Македонија со ЕУ. Понизноста која ја покажуваа на власт, продолжува и во опозиција. Според познавачите повикот да се повлече од терминот „вековен“ македонски јазик и идентитет, само покажува дека социјалдемократите продолжуваат со антидржавните политики, кои како да им беа заштитен знак во седумгодишното владеење. Поранешниот амбасадор Ристо Никовски за Алфа вели дека не изненадува реториката на ДУИ, на кои не им пречи ништо поврзано со јазикот и идентитетот, но сигурно изненадувачки е односот на партијата на Филипче.

-Запрепастува односот на кои ги третираат овие современи проблеми од нашата опозициска СДСМ. Ова последното околу извештајот во Европскиот Парламент, можеби е еден мал инцидент, меѓутоа потврдува дека тие се дефакто против фундаменталните интереси на македонскиот народ. Тоа е истата политика на Заев, капитулантска, предавничка, тој е донесен со таа иста цел да ја продолжи таа политика, изјави Никовски.

Вели добро за државата е што актуелната власт предводена од Христијан Мицкоски, ја променила плочата на меѓународната политика. Но, вели пред нив е тешка задача бидејќи мора да променат тешки позиции кои ги прифатила минатата владејака гарнитура на Зоран Заев и Димитар Ковачевски.

Реклама

-Ставот кој го зазема сегашната власт како позиција, дека нема промена на Уставот веднаш, него со одложено важење беше извонреден чекор, стави до знаење дека тие капитулантски политики не може да поминат. Меѓутоа, сега треба да се премине во втора фаза, кога нема друг избор, туку да се откаже вториот протокол. Македонија може да излезе овој ќорсокак само со откажување на вториот протокол, кој не е никаков меѓународен договор, никаде не е ратификуван, туку се работи за еден меѓувладин записник, изјави Никовски.

Филипче претходно ја повика власта заедно да поддржат неутрален став за македонскиот јазик и идентитет. Вели дека средбите во Берлин, ги искористил за да лобира против придавката „современ“, но смета дека во извештајот не треба да стои ниту придавката „вековен“.

Матеја Петровски