Реклама

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

Македонија

Исплатени субвенции за земјоделците – Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со поддршка

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има план, визија и вложува во земјоделските политики.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има план, визија и вложува во земјоделските политики. Земјоделците повеќе не се оставени на милост и немилост како што тоа го правеше владата на СДСМ и ДУИ, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Сега земјоделците своите субвенции ги добиваат навремено. Се следи состојбата со откупот, пласманот и цената. Довербата помеѓу откупувачите и земјоделците се гради за да имаме рентабилно земјоделско производство.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води вистинската грижа кон земјоделците и ја покажува на дело. Се изврши исплата во износ од 80.440.060,00 денари од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Реклама

Исплатени се 32.596.860,00 денари за растително производство. За овошни насади од подмерка 1.8 исплатени се 19.679.962,00 денари кон 1.198 корисници. За Лозови насади исплатени се 12.916.898,00 денари кон 181 корисник за подмерка 1.11.

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за сите категории земјоделци подеднакво и за лозарите, овоштарите, сточарите, оризопроизводителите.

За сточарско производство исплатени се 47.843.200,00 денари. За обележани женски грла говеда од подмерка 2.1 исплатени се 27.829.600,00 денари кон 406 корисници; За обележани грла овци од подмерка 2.8 исплатени се 20.013.600,00 денари кон 173 корисници“, потенцираа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Претходно се реализираше исплата на мерките за одгледани и продадени или заклани бројлери и за амортизирани несилки.

Исплатени се 10.909.520,00 денари за мерката за одгледани и продадени или заклани бројлери на земјоделските стопанства кои имаат одгледани и продадени или заклани бројлери.

Исто така извршена е исплата од 105.178.050,00 денари кон 32 корисници на мерката за амортизирани несилки заклани, регистрирани кланични капацитети се земјоделските стопанства кои имаат одгледани и продадени или заклани амортизирани несилки во период од 1 октомври 2023 година до 30 септември 2024 година во регистрирани кланични капацитети.

Земјоделците имаат партнер во Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложува и се грижи за зголемување на конкурентноста и подобрување на доходот на сите земјоделци“, додаваат во соопштението.