Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Исени на Глобалниот форум на ОН во Њујорк: Македонија останува посветен партнер во хуманото и ефикасно управување со миграцијата

Заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени деновиве во Њујорк учествува на Глобалниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени деновиве во Њујорк учествува на Глобалниот форум за ревизија на Глобалниот компакт за безбедна, уредна и регуларна миграција на Обединетите нации, кој се одржува од 5 до 8 мај.

Како што информираат од МВР, Исени во своето обраќање истакнал дека соработката со IOM веќе дава конкретни резултати преку реализација на значајни национални и регионални проекти насочени кон модернизација на системите за регистрација и идентификација на мигранти, јакнење на граничното управување, борба против организираниот криминал и унапредување на механизмите за заштита на ранливите категории мигранти.

-Соработката со IOM претставува еден од клучните столбови во нашата стратегија за управување со миграцијата. Заеднички работиме на модернизација на системите, зајакнување на институционалните капацитети и имплементација на решенија усогласени со европските и меѓународните стандарди, со цел Македонија да остане одговорен и доверлив партнер во регионалното миграциско управување – потенцирал Исени.

Реклама

Тој посочил дека преку ИПА проектите и заедничките регионални иницијативи се обезбедува значителна поддршка за подобрување на системите за азил, доброволно враќање, регистрација и управување со мешаните миграциски текови, како и за развој на современи механизми за заштита на мигрантите и бегалците.

Во обраќањето ја нагласил и потребата од уште поголема координација помеѓу државите, меѓународните организации и донаторите, со цел поефикасно искористување на ресурсите, избегнување на преклопувања и обезбедување навремена и одржлива поддршка за институциите.

Исени потенцираше дека Министерството за внатрешни работи останува посветено на понатамошно унапредување на миграциското управување преку развој на нови технолошки решенија, подобрување на интероперабилноста на податоците, зајакнување на граничната безбедност и продлабочување на регионалната и меѓународната соработка.

Глобалниот форум за ревизија на Глобалниот компакт за миграција претставува главна меѓувладина глобална платформа на Обединетите нации за размена на искуства, политики и напредок во имплементацијата на принципите за безбедна, уредна и регуларна миграција, во согласност со Целите за одржлив развој до 2030 година.